Науката ни ги покажува разликите помеѓу љубовта и страста

Луѓето велат дека страста води кон љубов, но многу поверојатно е дека таа води само до жежок секс. Спротивно на популарното верување, сексот не е индикатор за љубов. Сексот е само секс. Тој е важен дел од секоја романтична врска, но не е и клучната состојка за нејзиниот успех.

Науката ни ги покажува разликите помеѓу љубовта и страста

Всушност, врската не може да се нарече вистинска сè додека не спиете заедно неколку денови без да имате секс. Чистата страст се базира единствено на физичката привлечност и фантазија и исчезнува кога на површина ќе се појави личноста која навистина сте. А оваа личност не излегува на површина ако не сте во неколкумесечна врска. Едноставно не можете да кажете дека навистина сакате некого, сè додека не го запознаете целосно.

Па, кога страста станува љубов? Како може да сте сигурни дали се работи за зголемено либидо или за вистински пеперутки во стомакот?

Кога сте заљубени се грижите на каква дрога се навлечени вашите љубени, а кога се работи за страст, ви се чини како вие да сте под дејство на дрогата

Чувството како да сте под „дејство на дрога“ е несакана последица од редовниот секс, но тоа не е биолошко чувство кое го доживувате кога сте ја нашле сродната душа. Страста активира одредени делови од мозокот кои се поврзани со награда и мотивација, додека љубовта активира региони поврзани со грижата и емпатијата. Знаете дека сте вљубени кога повеќе се грижите за вашиот партнер отколку за вас самите.

Кога сте заљубени ја толерирате реалноста за една личност, а кога се работи за страст, вљубени сте во идејата за таа личност

Се сеќавате на почетните фази од врската? Се сеќавате како сте мечтаеле за вашиот партнер додека сте биле на работа? Сте замислувале сцени од вас во кревет, на романтичен состанок и во најважните животни моменти? Сте ја замислувале вашата прва караница, првиот одмор, првиот бакнеж? Но, откако ќе се разбудите од овој сон и сѐ уште сакате да сте покрај вашиот партнер тогаш се работи за вистинска љубов.

Кога сте заљубени сакате да имате секс откако нема да се видите подолго време, а кога се работи за страст имате секс секојпат кога ќе се видите

Кога сте во долга врска, постои голема шанса вашиот сексуален живот и вашата интимност да тргнат во спротивни правци, или со други зборови, како што се зголемува интимата меѓу вас, поретко да имате секс. Тоа се случува бидејќи во врската не е важен само сексот. Вие константно се запознавате еден со друг и споделувате искуства и надвор од спалната соба.

Кога сте заљубени не можете да го видите вистинското лице на партнерот, а кога се работи за страст вљубени сте во неговата надворешност

Кога сте заљубени, тешко е вистински да го видите вашиот партнер. Вие не го гледате онака како што го гледа останатиот свет, туку ја гледате суштината во него и неговото вистинско битие кое се крие длабоко под надворешниот оклоп, видлив за светот. Физичката убавина која одамна ве привлекла повеќе не ви е важна. Дури и сѐ уште да ве привлекува оваа личност, сепак начинот на кој се случува тоа се сменил. Повеќе не ви е грижа за добриот изглед, туку за нејзината душа.

Кога сте заљубени сакате да знаете сѐ, а кога се работи за страст не зборувате за ништо

На почетокот сѐ што сакате е да зборувате со оваа личност по цели денови. Зборувате за секојдневието, за вечерните излегувања, за вашите омилени оброци. Всушност тоа не е зборување, туку флертување со намера. Кога сте во вистинска врска зборувате со намера. Сѐ што ќе кажете има значење и станува многу повеќе од обичен разговор кој ја пополнува тишината.

Кога сте заљубени сакате да сте постојано заедно, а кога се работи за страст, исто така сакате да сте постојано заедно

Без разлика дали се работи за човекот од вашите соништа или не, вие треба да сакате секогаш да сте заедно. Кога се работи само за страст, тогаш ве водат хормоните. Кога сте заљубени, тогаш ве водат различни побуди. Без разлика во која фаза од врската се наоѓате, секогаш треба да ве возбудува средбата со личноста со која се надевате дека ќе го поминете остатокот од животот.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар