Науката ја открива клучната причина поради која вашата врска ќе опстане

Дали ќе бидете засекогаш заедно со вашиот партнер? Одговорот на ова судбоносно прашање можете да го најдете во истражувањето на социологот Мајкл Розенфелд во кое се покажало дека колку подолго паровите остануваат заедно, толку поголеми им се шансите да го доживеат своето „засекогаш“. Наместо времето поминато во славење на љубовта и покажувањето на тоа колку го сакате партнерот, резултатите покажале дека споделените искуства и потешки периоди се она што навистина ги засилува врските. Колку подолго ќе останете со вашиот партнер, толку посилни станувате како една целина.

Науката ја открива клучната причина поради која вашата врска ќе опстане

Една година од врската прави огромна разлика во шансите и веројатноста на еден пар да бидат вечно заедно, а за брачните двојки, независно од сексуалната определба, е многу поверојатно да останат заедно, за разлика од оние парови кои сè уште не го овековечиле својот однос. Новите парови кои се прашуваат колку долго ќе бидат заедно треба почекаат и да се надеваат на најдобриот резултат, бидејќи според истражувањето, 60% од љубовните двојки кои биле заедно помалку од два месеци, раскинале.

Се разбира, секој однос и секоја љубовна врска се различни и секој различно ги искусува и доживува. Затоа, не постои сигурен начин да се утврди дали долго ќе останете со својот партнер или не, сè додека не стигнете до крајот на вашите денови. Но, ако сте оптимисти, тогаш д-р Розенфелд вели дека слободно можете да го искористите неговото истражување како мотив за да ги запросите вашите партнер или партнерка.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар