Научете да си простите себеси за направените грешки!

Многу луѓе се прашуваат како да го надминат разочарувањето, тешкотиите во животот и неочекуваните животни падови. Постојат многу одговори на ова прашање во зависност од конкретното искуство, но постои едно нешто што секогаш се заборава. Многу често се вели дека луѓето треба да знаат да им простуваат на другите, но се заборава моментот дека треба да знаат да си простат и самите себеси.

Научете да си простите себеси за направените грешки!

Појавата на чувство на вина и болка доколку сте се скарале со некого, сте го навредиле или повредиле е нормална. Простувањето не се состои само од отстранувањето на тие чувства, туку треба да се соочите со нив на конструктивен начин. Треба да знаете како да преболите и да продолжите понатаму. Следниве неколку чекори ќе ви помогнат да си простите себеси за направените грешки, но и засекогаш да ги оставите зад себе…

Признајте ги вашите чувства

Ова е прва фаза. Признајте си како се чувствувате и какви емоции сте разбудиле кај човекот што сте го повредиле. Размислете за причините што довеле до тоа, оправдувањата што си ги кажувате самите на себе и грижата на совест.

Прифатете го она што се случило

Преземете одговорност за она што сте го направиле. Во оваа фаза треба да ги надминете сите изговори и оправдувања. Не треба да ја префрлате вината на други луѓе. Без да преземете одговорност, нема да можете вистински да си простите самите себеси. Вашата прошка ќе биде наивна, незрела и површна.

Научете да си простите себеси за направените грешки!

Погледнете ја вашата грешка од поинаков аспект

Во оваа фаза наместо да се обвинувате себеси, обидете се да сочувствувате со самите себе. Негативните чувства нема да ве поттикнат и мотивираат да ги направите потребните промени што нема да ви дозволат да ги повторите истите грешки во иднина. Ако постојано ги носите старите цигли од вашите минати искуства, ќе можете да ја изградите истата куќа која претходно се срушила. Постои голема веројатност дека ќе ја повторите истата грешка доколку не си ја научите лекцијата, а за да научите треба да бидете сочувствителни. Кога детето ќе падне, родителите го креваат со многу љубов, емпатија и грижа и го охрабруваат да се обиде повторно. Истото треба да го направите и за себе.

Искупете се за вашите грешки

Не заборавајте дека за да си простите и да ја надминете болката, сомнежот и вината, најдобро е комплетно да го смените вашето однесување. Ќе можете да се искупите за сторените грешки само ако внесете промена во вашите намери и дела.

Ценете го вашиот напредок

Бидете благодарни за тоа што сте успеале да ја надминете вината и болката. Бидете благодарни за тоа што сте способни да го промените животот и да учите од вашите грешки кои нема да ги повторувате во иднина. Бидете благодарни за тоа што можете да создадете нов начин на живот. Бидете среќни!

Во продолжение прочитајте ги и овие прекрасни цитати за една од најголемите човечки доблести – простувањето.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар