Наследна карактеристика или знак за опасност: На што укажуваат темните кругови под очите?

Наследна карактеристика или знак за опасност: На што укажуваат темните кругови под очите?

Темните кругови под очите најчесто се првиот знак кој ни го испраќа организмот со цел да ни покаже дека постои одредена здравствена промена. Тие кај анемичните се темни, кај оние кои имаат проблеми со бубрезите се отечени, додека пак кај оние кои се склони на алкохол се виолетови. Одредени доктори сметаат дека темните кругови под очите не се само естетски проблем, туку и здравствен.

Наследна карактеристика или знак за опасност: На што укажуваат темните кругови под очите?

Темните кругови под и околу очите, капаците кои се надразнети и чувствителни на допир, црвени или со тенка кожа кои не можат да бидат скриени дури ни со шминката понекогаш можат да бидат голем проблем. Како за жените, така и за мажите. Па, дали станува збор за наследна карактеристика или пак, за знак на опасност?

И покрај тоа што тие се сметаат за првиот сериозен знак на стареење, најчесто се првиот сигнал кои ни кажува дека постои одреден проблем или нерамнотежа во телото. Бојата на темните кругови може да биде првиот знак за одредени сериозни болести. Токму затоа треба да им обрнувате повеќе внимание и да ги разликувате по облик, боја и големина. Некои од болестите на кои тие можат да укажуваат се анемија, проблеми со бубрезите, силен стрес, кардиоваскуларни болести, активно или пасивно пушење, прекумерна изложеност на сонцето… Некои луѓе имаат генетска склоност кон нив, додека пак кај некои силно влијание може да има и исхраната. Токму затоа погледнете ја следнава поделба на темните кругови под очите со чија помош ќе можете полесно да препознаете дел од симптомите на кои тие најчесто укажуваат…

Доколку областа околу вашите очи е отечена, тоа може да сугерира на задржување вода и создавање масно ткиво во областа околу очите, додека пак, ако е темна, може да станува збор за крв која е надвор од крвните садови и во ткивото каде што се разградува. Темните кругови под очите се разликуваат според пигментот (интензитетот на затемнување на кожата), силината на самата боја и отеченоста.

Доколку темните кеси под очите ви стојат подолго време, на пример, неколку месеци, тогаш дефинитивно е време да направите крвна слика. Анемијата е еден од најчестите причини за создавање темни кеси под очите, особено ако во тој период имате многу главоболки, чувствувате умор, не можете да се концентрирате и имате послабо помнење. Оваа состојба со соодветна терапија може брзо да се подобри. Исто така, отеченоста на кожата околу очите може да биде знак и за проблеми со работата на бубрезите и задржување вишок течности во организмот.

Од друга страна пак, ако консумирате алкохол во поголемо количество, вашите темни кругови под очите дополнително ќе се нагласат и исцртаат. Оние кои се алергични на полен, исто така често имаат премногу проблеми со темните кругови под очите. Кај нив се појавуваат дури и осипи кои влијаат на чешање на очите, резултирајќи со потемнување на бојата на кожата и иритирање на капакот. За да се справите со овој проблем, вие треба да престанете да ги допирате очите со раце и постојано да ги мачката со креми за лице.

Првиот чекор во борбата против темните кругови е доведување рамнотежа во телото, доволен сон, избегнување цигари, како и правилна исхрана без нитрати и дополнителни соли, алкохол, луто и зачинето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар