Народен лек од нашите баби за лечење астма, бронхитис, кашлица и проблеми со белите дробови

Многу луѓе имаат различни маки со белите дробови, а најчестите се астма, бронхитис, како и различни форми на кашлица. Проблемите со белите дробови можат да бидат предизвикани од разни инфекции, но и од други фактори, како алергии, и секако – од пушењето.

naroden-lek-od-nashite-babi-za-lechenje-astma-bronhitis-kashlica-i-problemi-so-belite-drobovi-kafepauza.mk

Ова е познат народен лек за третирање на овие проблеми, посебно астмата, како белодробната, така и срцевата. Лекот го подготвувале во разни варијанти нашите баби, а според искуствата на многумина, тие знаеле што прават.

Потребни состојки:
  • ½ кг црвен кромид
  • ½ кг шеќер
  • 2 лимона
  • 1,5 литри вода
  • 7 големи лажици домашен мед
Начин на подготовка:

Шеќерот се загрева во метален сад на умерена температура со константно мешање, сè додека не порумени. Потоа се додава ситно исечканиот кромид, кратко се пропржува и се додаваме водата. Сè заедно се вари на умерена температура, додека не испари 1/3 од водата. Потоа се остава да се олади, се додаваат двата исцедени лимони и медот и сè добро се меша за комплетно да се изедначи. Се остава да отстои, а потоа течноста се процедува (од парчињата кромид) и се складира во стаклено шише.

Начин на употреба:

Се конзумира по една голема лажица од напитокот пред секој оброк додека не се потроши целата количина. По потреба може да направите нова мешавина и да ја повторувате постапката додека белите дробови сосема не закрепнат.

За деца се препорачува по една мала лажичка пред секој оброк.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Sonja Todoroska Reply

    Dali moze da go poracam ovaj lek cajot za bronhit i imunitet i kolku pari e?

    • Кафе пауза Reply

      Рецептот се подготвува во домашни услови и се конзумира според дадените упатства.

Остави коментар