Направи сама: 3 рецепти за нега со пченкарно брашно

Направи сама: 3 рецепти за нега со пченкарно брашно

Во последно време стана многу важно препаратите за нега да содржат природни или органски состојки. Свеста за здрави навики во секојдневната нега, доведе до создавање на многубројни рецепти кои можеме да ги направиме дома, a кои исто така се и одлични за нашата кожа, бидејќи не содржат парабени, алуминиум и други штетни состојки. Ви претставуваме рецепти за 3 препарати кои може да ги направите сами, а ќе ви послужат за нега на лицето и рацете.

1-napravi-sama-3-recepti-za-nega-so-pchenkarno-brashno-www.kafepauza.mk_

1. Маска за лице со мед и пченкарно брашно

Потребни состојки:
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 1 лажица мед
  • 2-3 лажици топло млеко
Начин на подготовка:

Добро измешајте ги сите состојки и со нежни движења нанесете ја смесата на вашето лице. Покријте го лицето со влажен пешкир и оставете да делува 15 минути, а потоа измијте се со топла вода.

2. Млеко за чистење на кожата

Потребни состојки:
  • 4 лажици пченкарно брашно
  • 3 дл млеко
  • 1 лажица пченкарно масло
  • 2-3 капки етерично масло од роза
Начин на подготовка:

Измешајте ги пченкарното брашно и млекото и загревајте ги на пареа околу половина час. Оставете ја смесата да отстои од еден до два часа, па потоа процедете ја.

Додадете ги останатите состојки и добро измешајте. Млекото чувајте го во фрижидер и користете го 7 дена по ред.

2-napravi-sama-3-recepti-za-nega-so-pchenkarno-brashno-www.kafepauza.mk_

3. Кремa за раце

Потребни состојки:
  • 4 лажици пченкарно брашно
  • 4 лажици глицерин
  • 4 дл розова вода
  • 4 капки етерично масло од роза
Начин на подготовка:

На пареа кремасто измешајте ги брашното, глицеринот и розовата вода. Откако кремот ќе се излади, непрекинато мешајќи додавајте го маслото од роза. Оваа крема за нега на рацете користете ја секојдневно. Чувајте ја во фрижидер, во амбалажа која сте ја зачувале од претходни креми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар