Направете зен кревет и подобрете го квалитетот на вашиот сон

Направете зен кревет и подобрете го квалитетот на вашиот сон

Квалитетниот сон е од големо значење за нормалното функционирање и за одржување на здравјето и енергијата. Во Фенг шуи филозофијата, спалната соба има големо влијание на вашето тело, но и на вашата душа. Со оглед на тоа што голем дел од времето што го поминувате таму сте во пасивна состојба, тоа што се наоѓа околу вас има силно влијание и на вашиот сон. Еве неколку начини со чија помош можете да го разубавите вашиот простор, а притоа да го подобрите и квалитетот на вашиот сон.

5 едноставни начини да го направите вашиот простор поудобен за спиење

1. Проверете што имате под креветот

Дали можете да се потсетите на сите оние нешта што сте ги ставиле под креветот на кој спиете? Најчесто луѓето овде чуваат стари сметки, љубовни писма, чевли и слично. Но, најдобро е да не чувате ништо, со цел енергијата слободно да се движи. Доколку пак морате да го искористите и овој простор, тогаш најдобро е да чувате меки работи, како што е перница или ќебе. Според Фенг шуи филозофијата, старите сметки може да ви предизвикуваат стрес околу парите, а пак старите љубовни писма може да ја избркаат новата љубов.

2. Наместете го креветот на соодветната локација

Фенг шуи филозофијата исто така ни покажува и кое е најдоброто место за вашиот кревет. Според тоа, најдобро е да го поставите така што кога ќе лежите да имате можност да ја гледате вратата. Доколку ова не е возможно, тогаш поставете огледало кое ќе ја рефлектира вратата. На овој начин би се чувствувале посигурно и би спиеле помирно.

3. Чувајте кристали околу креветот

Природните кристали имаат моќ да ја променат енергијата во просторот. Доколку сте во можност, ставете неколку под креветот или на масичката до креветот со цел да имате помирен сон.

4. Оддалечете ги книгите

Ако чувате голем број книги во вашата спална соба, тогаш препорачливо е да ги отстраните. Книгите создаваат активна енергија и може да направат да не се одморите добро. Доколку не сте во можност да ги отстраните, слободно можете да ги покриете за да ги тргнете од поглед. Ако избирате материјал за оваа намена, изберете сина или зелена боја кои дополнително ќе ве смират.

5. Ставете зелени растенија во собата

Зелената боја делува многу благотворно и ја имитира природата. Според Фенг шуи филозофијата, живите растенија значат исцелување, негување и обезбедување со животна енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар