Направете совршени локни со помош на тоалетна хартија

Станува збор за едноставна техника со која можете да ја стилизирате вашата коса без негативните ефекти од топлината. Сè што треба да направите е да ја поставите тоалетната хартија врз вашата коса додека таа е уште мокра и да ја оставите така да се исуши. Памучната тоалетна хартија ќе ја апсорбира вишокот вода од вашата коса и ќе направи да имате убави и бујни локни.

Направете совршени локни со помош на тоалетна хартија

Поставете еден прамен врз исправена тоалетна хартија, замотајте ја околу него и почнете да ја виткате нагоре сè додека не стигнете до главата. Продолжете да повторувате сè додека не ја опфатите целата коса и оставете ја да се исуши. Потоа тргнете ги парчињата тоалетна хартија, дајте им малку насока на локните со вашите прсти и подготвени сте за излегување. Погледнете подетално објаснување за оваа фризура во следново видео…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар