Направете си спреј за освежување на лицето

За време на жешките летни денови, кога сме надвор имаме чувство дека лицето ни се топи. Сепак, некогаш мора да се излезе од затворените климатизирани простории, па за во тие моменти, добро е со себе да носите освежувач за лицето.

Ви предлагаме да користите освежувач од зелен чај. Одличен е за кожата, веднаш разладува со само една прснување и згора на сè, можете многу брзо и лесно да го направите дома, скоро за без пари.

Направете си спреј за освежување на лицето

Потребно е:
  • 1 вреќичка зелен чај
  • 1 шолја штотуку зовриена вода
  • 2-3 капки масло од витамин Е или една витамин Е капсула
  • Пластично шишенце со распрскувач

1. Ставете го вреќичето со зелен чај во шолјата со вода и оставете го 20 минути.

Направете си спреј за освежување на лицето

2. Тргнете ја вреќичката и оставете ја течноста да се олади на собна температура.

Направете си спреј за освежување на лицето

3. Ставете 2-3 капки масло од витамин Е или содржината на капсулата.

Направете си спреј за освежување на лицето

4. Претурете ја течноста во шишенцето и чувајте ја во фрижидер сè до употреба. По избор, штом го извадите можете да додадете неколку коцки мраз во шишенцето за да ја одржува течноста ладна во текот на денот.

Шприцајте се колку сакате.

Направете си спреј за освежување на лицето

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар