Направете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути

Кога некој би ви рекол дека за само пет минути можете сами да си направите елегантна фризура, која одговара за секаква прилика, сигурно би биле воодушевени. Но, не станува збор за шега, туку за одличен трик, благодарение на кој со само едно ластиче за коса и шноли за прицврстување, можете да заблескате со оваа гламурозна превртена пунџа.

Направете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути

Потребно ви е:
  • 1 ластиче за коса
  • Неколку црни класични шноли за прицврстување
  • Лак за коса
Постапка:

Доколку косата ви е миена истиот ден и е лизгава, напрскајте ја со лак за коса, за да добие тежина. Дигнете ја косата во коњско опавче и врзете ја со ластиче во иста боја како вашата коса. Држејќи го опавчето со едната рака, разлабавете го ластичето малку, повлекувајќи го околу 2-5 см од коренот. Во просторот помеѓу ластичето и главата, раздвојте ја косата, за да формирате „џепче“. Коњското опавче префрлете го преку ластичето и вметнете го во добиениот џеб, така што да се сокрие секое влакно од косата. Добиената пунџа притиснете ја со дланката спрема темето, а со шноличките прицврстете ги останатите непослушни влакна.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар