Направете си гламурозна фризура за неколку минути

Направете си гламурозна фризура за неколку минути

Кога планирате да одите на некое важно случување, сигурно планирате и посета на фризер, козметичар, шминкер и слично, а сето тоа чини многу пари. Но, за да имате гламурозна фризура, понекогаш ви се доволни и само десетте прсти на рацете. Блогот Ucha Hair ви препорачува елегантна пунџа со плетенка. Погледнете чекор по чекор, како можете на многу едноставен начин да си ја направите сами.

Направете си гламурозна фризура за неколку минути

Чекор 1: Соберете ја косата високо во коњско опавче и заврзете ја со ластиче, а потоа врзете уште едно ластиче на половина од опавчето.

Чекор 2: Од слободниот дел на косата, под второто ластиче, сплетете обична плетенка.

Чекор 3: Свиткајте ја првата половина од опавчето и прицврстете ја за главата со шнолички за прицврстување, така за да добиете форма на пунџа.

Чекор 4: Средишниот прамен од плетенката, држете го со прстите, а останатите два прамена потегнете ги нагоре за да ја стуткате плетенката.

Чекор 5: Таквата неуредна, опуштена плетенка замотајте ја околу пунџата, наместо аксесоар.

Чекор 6: Друга варијација на оваа гламурозна фризура, е да го оставите врвчето од плетенката да паѓа слободно на челото, наместо шишки.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар