Направете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот дом

Кој не сака добра миризба? Нашите домови мирисаат специфично, но бидејќи живееме во нив, се навикнуваме на миризбата и често не забележуваме дека воопшто ја имаат. Во маркетите се продаваат различни освежувачи за воздух, некои во вид на спреј, други во вид на миризливи свеќи, некогаш се со свежи, пријатни мириси, други пак имаат јаки, па дури и задушливи мирисни нијанси. Згора на сè, не се евтини.

Но, добра вест е што вакви освежувачи можете да си направите дома, многу лесно, по ваш вкус и со малку пари.

Направете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот дом

1. Освежувач за воздух во тегла

Потребно ви е:
  • Тегла
  • Тенџере
  • Вода
  • Овошје, тревки и зачини по избор
Начин на подготовка:

Исечете го саканото овошје и ставете го во тегла со вода. Додадете ги и зачините и тревките што ги избравте. Вака подготвената тегла чувајте ја во фрижидер или во замрзнувач максимум 2 недели.

Направете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот дом

Пред употреба, префрлете ја смесата во тенџерче и оставете ја да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете ја да вари на тивко. Миризбата ќе се рашири насекаде низ вашиот дом.

Направете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот дом

Можете да подготвите повеќе различни тегли и да ги чувате во фрижидер за да ги имате секогаш кога ќе сакате да го размирисате домот. По употреба можете да ги вратите состојките заедно сосе водата во тегла и да го реупотребите миксот уште 2-3 пати. Водата малку ќе се замати, но помирисајте секогаш пред употреба, и ако е во ред, употребете го повторно истиот освежувач. Додавајте вода според потребите за да не добиете спротивен ефект на мирис на загорено.

Направете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот дом

Што можете да употребите?

Ппортокали, лимони, лимета, ананас, пеперминт, розмарин, екстракт од кокос, стапчиња цимет, ѓумбир, ванила, екстракт од бадем, каранфилче, нане, мајчина душица.

Направете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот дом

2. Освежувач за воздух во спреј

Потребно ви е:
  • 1 чисто шишенце со спреј
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 500 мл дестилирана вода
  • Есенцијално масло или мирис по ваш избор (10 капки)
Начин на подготовка:

Ставете ја содата во сад и додадете го есенцијалното масло. Измешајте ги состојките со виљушка. Со инка пресипете ја смесата во шишенцето и потопете ја со дестилираната вода. Истресете го шишето секојпат пред употреба.

Направете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот дом

Овие домашни освежувачи за воздух се одлични за да ја одржувате пријатната миризба во домот и не само што нема да ве чинат многу пари, туку и ќе бидете сигурни дека не распрскувате хемикалии кои може да бидат штетни по вашето здравје.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар