Направете сами: Природен мирисен лосион за сончање со фактор 20 кој и децата ќе го обожаваат!

Факт е дека дури 84% од препаратите за сончање штетно влијаат на вашето здравје. Истражувањето кое тоа го докажало е спроведено од EWG – една од најголемите непрофитни организации во САД. Но, и сами можете многу лесно да направите домашни природни средства за сончање со ниво на фактор на заштита од 4 до 20. Овие креми, односно лосиони се природни, преубаво мирисаат и многу се хидратантни.

napravete-sami-priroden-mirisen-losion-za-sonchanje-so-faktor-20-koj-i-decata-kje-go-obozhavaat-kafepauza.mk

Токсичните хемикалии во повеќето средства за сончање го нарушуваат нормалното функционирање на ендокриниот систем, поттикнуваат создавање слободни радикали и во себе содржат канцерогени средства. Всушност, откако се кремите за сончање во масовна употреба, статистиките покажуваат зголемување на стапката на раст на карцином на кожата. Што е најлошо, мачкањето со креми со висок фактор го блокира создавањето на потребниот витамин Д, без кој човековиот организам слабее и кој е вистински борец против ракот.

Бидејќи повеќето од нас не работат надвор, потребно е многу повеќе труд за да добиеме витамин Д од дневното сонце, наместо да го избегнуваме. Тоа може да се постигне со овој природен препарат за заштита.

Потребни состојки:
  • ½ шолја органско бадемово или маслиново масло (1 дл)
  • ¼ шолја органско девствено кокосово масло кое има природен фактор 4 (1/2 дл)
  • ¼ шолја пчелин восок (1 лажица) – може да се изостави ако го немате, инаку дава густина
  • 2 лажици цинк оксид во прав

Опции: Наместо пола од количината од кокосовото масло, можете да ставите какао путер (преубаво мириса), 1 лажица течен витамин Е (одличен против стареење на кожата и како стабилизатор), 1-2 лажици шеа путер (содржи природен фактор 4-5), етерично масло по желба (кокос, ванила и лаванда се најдобри, а избегнувајте ги цитрусните).

Појаснување на состојките:

Цинк оксид: Нетоксичен минерал (за разлика од оксибензонот кој го има во многу креми за сончање) го рефлектира сонцето како огледало, односно не навлегува во крвотокот. Има најширок спектар на УВА и УВБ рефлектирачки својства, апсорбент е на УВ-зраци, има антисептичко и противгабично дејство. Содржи СПФ 20+, во зависност од количината која ќе ја ставите. Може да се набави од билни аптеки или преку интернет и не е скап. Напомена: Бидете внимателни да не вдишете од правот при подготовката.

Шеа путер: Заради својот состав е незаменлив во секојдневната нега на кожата. Содржи голема количина незаситени масни киселини (7-12%), витамини А и Е, како и висок процент на протеини и минерали. Особено е ефикасен при регенерација на клетките на кожата, има антиејџинг ефект, делува противвоспалително, па помага при разни дерматолошки состојби (псоријаза, себореја, егземи, атопичен дерматит, акни), како и во лекување на мали рани, гребаници и изгореници. Продира длабоко во кожата, па може да се користи и за превенција и третман на стрии и лузни. Исто така може да се набави од билни аптеки.

Начин на подготовка:
  1. Помешајте ги во тегла (со капацитет од околу 500 мл) сите состојки освен цинковиот оксид и етеричното масло. Напомена: со додавање повеќе пчелин восок ќе добиете погуста и потврда крема.
  2. Наполнете еден среден сад со малку вода и ставете го на тивок оган.
  3. Ставете капаче врз теглата и пикнете ја во тенџерето со вода. Како што ќе се загрева водата во тенџерето, така состојките во теглата ќе почнат да се топат. Затресувајте и повремено промешувајте.
  4. Кога сите состојки ќе се стопат, тргнете ја теглата од оган и многу внимателно, без вдишување, додадете го цинк оксидот. Измешајте го добро и потоа ставете етерично масло.
  5. Промешајте неколку пати додека кремата се лади за да бидете сигурни дека цинк оксидот е добро растопен во смесата.
  6. Прелијте го лосионот во некоја туба како оние во кои обично ги пакуваат купечките млека за сончање.
Користење и чување:
  1. Користете ја кремата како што би користеле која било друга крема за сончање. Одлично се размачкува и преубаво мириса.
  2. Оваа крема не е водоотпорна, па треба повторно да ја нанесувате по потење или капење.
  3. Прекривајте ги добро сите делови од кожата бидејќи таа создава механички штит, а не хемиски.
  4. Чувајте ја на суво и ладно место или во фрижидер.
  5. Најдобро е ако се искористи во рок од 6 месеци.
Уште побрз начин за подготовка на крема или лосион за сончање со фактор 20:

Земете некој природен органски лосион или млеко за тело кое не содржи цитрусни состојки, додадете 2 лажици цинк оксид и измешајте.

За кремите за лице важи истото. Измешајте пола лажица цинк оксид и малку затоплете ја кремата во топла вода. Добивате природна крема за лице со заштитен фактор.

Предупредување: Светлите лица и малите деца треба строго да се чуваат од изложеност на јако сонце, односно многу постепено да излегуваат. Дури откако ќе добијат малку пигмент, можат да го користат овој лосион.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар