Направете сами: мермерни велигденски јајца

Направете сами: мермерни велигденски јајца

Волшебниот мермерен ефект стана многу популарен кај женската популација, заради бескрајните можности за дизајнирање на ноктите на рацете. Сепак, техниката може да се примени и на многу други работи, на пример на јајцата за Велигден.

Направете сами: мермерни велигденски јајца

Потребни материјали:
  • Варени и изладени јајца
  • Лакови за нокти во секакви нијанси
  • Пластична чашка со вода на собна температура (Ова е многу важно! Ако водата е ладна, ефектот ќе биде неуспешен.)
  • Чепкалки за заби
  • Отстранувач на лак за подоцна да си го исчистите лакот од прстите.

Направете сами: мермерни велигденски јајца

Најпрво потрудете се да обезбедите добра вентилација во просторијата, бидејќи ќе користите многу лак за нокти и процесот ќе трае, па треба да внимавате да не се задушите.

Капнете многу капки во различни бои од лаковите во водата. Ако бојата потоне, значи температурата не е како што треба. Капките треба да се распрснат по површината на водата. Потоа земете чепкалка и повлечете по површината на водата неколку пати за да добиете убав шарен, но неодреден дизајн.

Направете сами: мермерни велигденски јајца

Потоа фатете го јајцето со два прста на краевите, така за да фаќате најмал дел од неговата површина. Потонете го во водата, задржете го кратко и извадете го. Ќе биде покриена половина од површината на јајцето. Ставете го јајцето на картон легнато на другата страна да се исуши.

Направете сами: мермерни велигденски јајцаНаправете сами: мермерни велигденски јајца

Звучи забавно? Пробајте и споделете го искуството со нас.

Направете сами: мермерни велигденски јајца

Ако не ви се лакираат јајца за Велигден, пробајте да ги украсите на некој од овие оригинални и креативни начини.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.