Направете сами: Домашна крема против целулит. Резултати веќе после 7 дена!

Направете сами: Домашна крема против целулит. Резултати веќе после 7 дена!

Подготовката на ефикасна крема за ослободување од целулитот е полесна одошто мислите, а ваквиот препарат може да биде многу поефикасен од скапите креми кои ги купувате од продавниците. Покрај тоа што се бори со т.н. кора од портокал, оваа крема е ефикасна и во отстранување на стриите.

0-napravete-sami-domashna-krema-protiv-celulit-rezultati-vekje-posle-7-dena-kafepauza.mk

Потребни состојки:

100 мл од која било детска крема
5-6 таблети мумио (од аптека)
20 капки етерично масло од портокал
3-5 капки етерично масло од цимет

Зошто овие состојки?

За подготовка на домашниот антицелулитен препарат, најпогодни се детските креми, бидејќи тие не содржат никакви штетни додатоци. Имаат идеален состав и влажност.

Таблетите мумио многу често се користат не само во борбата со целулитот, туку и за стрии. Мумио таблетите ја затегнуваат кожата, ја зголемуваат еластичноста, правејќи ја мека и свиленкаста.

Во борбата против целулитот многу се ефикасни и етеричните цитрусни масла. Може да се рече дека ова е нивната вистинска намена. Одберете кое масло ќе го користите: од портокал, лимон или лимета. Цитрусните масла ја затегнуваат кожата и ја хранат со корисни материи.

Маслото од цимет не само што има пријатна арома, туку е и многу делотворно во борбата со кожата со вдлабнатини. Во комбинација со цитрусното масло дава одлични резултати.

1-napravete-sami-domashna-krema-protiv-celulit-rezultati-vekje-posle-7-dena-kafepauza.mk

Начин на подготовка:

Во тегличка (не помала од 150 мл), ставете 100 грама од детската крема. Потоа додадете 5-6 иситнети таблети мумио и промешајте. Таблетите мумио претходно чувајте ги во фрижидер, за полесно да ги иситните. Додадете 20 капки цитрусно масло и не повеќе од 5 капки масло од цимет.

Сите состојки убаво промешајте ги, поклопете ги и оставете смесата да отстои 8-10 часа. После тоа промешајте повторно. Вашата домашна антицелулитна крема сега е спремна за употреба. Не заборавајте да ја затворате тегличката после секоја употреба.

Начин на употреба:

За постигнување најдобри резултати, потребно е кремата да ја нанесувате секој ден на проблематичнте делови од телото. Првите резултати ќе ги забележите уште после 7 дена.

После нанесување, почекајте кожата да ја впие, потоа облечете пижами или ноќница. Може да останат темни флеки од мумио таблетите, но лесно се мијат.

За постигнување уште подобри резултати, се препорачува пилинг на телото во текот на туширањето, барем 2 пати неделно и антицелулитни облоги од кафе и чоколадо.

Рок на употреба:

Подготвената крема можете да ја користите 3 недели, а потоа направете нова доза.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар