Направете рацете да ви изгледаат поголеми со изборот на вистинската маица и кошула

Можеби не вежбате, а можеби вежбате напорно, но вашите раце сè уште не изгледаат големи затоа што природата ви дала баш такви раце кои изгледаат слабо дури и кога се добро обликувани. И во таква ситуација можете да ги истакнете кога носите маица или кошула, но треба внимателно да ги изберете затоа што секоја од нив дава различни визуелни резултати. За таа цел следете ги овие совети.

Направете рацете да ви изгледаат поголеми со изборот на вистинската маица и кошула

Маица

Одберете маица со пократки или потесни ракави

Ако маицата има широки ракави вашите раце ќе изгледаат како да се загубени во нив. За да одберете вистинска големина, измерете ја ширината на ракавите со помош на прстите. Во ракавот треба покрај раката да собира уште два прста. Ако собира повеќе, тоа значи дека ви треба помала големина.

Одберете го вистинскиот материјал

Маиците кои покрај памук содржат и ликра или некој друг синтетички материјал кој се собира и проширува ќе ви завршат подобра работа затоа што се приспособуваат на раката. Маиците изработени само од памук се ризичен избор за вас.

Носете еден број помала маица

Ако ви стои добро и на останатиот дел од телото, маицата која е еден број помала од оние што обично ги купувате ќе направи рацете да ви изгледаат поинаку.

Направете рацете да ви изгледаат поголеми со изборот на вистинската маица и кошула

Кошула

Внимавајте на кројот

Секогаш носете струкирана кошула која ќе ви биде точна. Некои луѓе сметаат дека „кошулата треба да биде комотна“, но со тоа доаѓа и лошиот изглед,особено кога се рацете во прашање.

Внимавајте на големината

Исто како и кај маиците, ниту ракавите на кошулата не треба да ви се преголеми. Не смее да има многу простор помеѓу неа и раката.

Засукајте ги ракавите

Засукајте ги ракавите до под бицепсите. Тоа ќе создаде впечаток дека тие се поголеми.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар