Направете листа со чија помош 2018-та ќе ви стане најдобрата година досега

Направете листа со чија помош 2018-та ќе ви стане најдобрата година досега

Ни остана уште малку од оваа година и сигурно веќе правите нови големи и мали планови за наредната година. Доколку досега и не сте биле баш најдобри во реализирањето на истите, не очајувајте бидејќи ви откриваме животен план кој ќе ви ја направи следната година многу посреќна и продуктивна. Не верувате? Започнуваме полека, чекор по чекор, а вие само внимателно читајте и фаќајте белешки.

1-vo-samo-5-chekori-napravete-lista-zaradi-koja-2018-ta-godina-kje-vi-bide-najdobrata-godina-dosega-www.kafepauza.mk_-

Чекор 1: Набројте 10 работи кои сакате да ги промените

Вдишете длабоко, вратете се во минатото и добро размислете што е тоа со кое не сте биле најуспешни и кои работи можеле да бидат многу подобри. Што би промениле кога би можеле? Иако немаме магична моќ која ќе ве врати во минатото, секако сте научиле да не ги повторувате истите грешки. Направете листа на работи од кои не сте задоволни и цврсто одлучете се дека ќе ги подобрите во наредната година. Притоа, мислете во позитивна насока, моментално не сте задоволни со тие работи, но работете на вашето усовршување и среќа, а тоа е еден од најважните проекти со кои ќе бидете зафатени.

Чекор 2: Направете своја среќна листа

Сетете се и забележете што во текот на оваа година ве направило среќни. А потоа, направете една листа од работите за кои сте сигурни дека ќе ве усреќат и во наредната. И немојте да се оптоварувате затоа што вашата листа можеби не содржи големи работи, туку ситници како добра книга, разговор со пријателките, возење велосипед, медитирање покрај плажа… Важно е само она што ќе ви измами насмевка на лицето.

Чекор 3: Купете убав планер

За да уживате во сите прекрасни моменти потребно ви е слободно време и добра организација. Затоа и пред новата година ќе станете мастер во организирање и ќе си обезбедите моменти на радост и целосно уживање. Купете го најубавиот планер во кој ќе ги забележувате вашите обврски и ќе ги планирате вашите викенди и слободни моменти за да можете да ги поминете на најдобриот и најубавиот начин.

2-vo-samo-5-chekori-napravete-lista-zaradi-koja-2018-ta-godina-kje-vi-bide-najdobrata-godina-dosega-www.kafepauza.mk_

Чекор 4: Излезете од удобната зона

Да ве потсетиме на изреката: „Нова година – нов/а ЈАС“. Така и сега е вистинско време да излезете од вашата сигурна зона и да направите работи за кои досега сте немале храброст. Напишете од што сè се плашите и направете го тоа во наредната година. Се плашите да запознавате нови луѓе, да зборувате за вашите чувства, да пеете караоке или да отпатувате на некое непознато место? Токму тие стравови нека бидат првата работа која ќе ја совладате во новата година. Не само што ќе добиете поголема самодоверба, туку и ќе станете нестрашливи.

Чекор 5: Запишете ги вашите „луди“ соништа и желби

Сакате да започнете сопствен бренд? Да купите стан? Да отпатувате во Мароко? Запомнете дека сѐ е возможно и дека сѐ можете барем да се обидете да го остварите. Земете хартија и молив и осудете се да ги напишете вашите најлуди цели, соништа, желби… Можеби на прв поглед ќе ви изгледа како невозможно и нереално, но ајде предизвикајте се себеси да ги исполните.

Погледнете како кончено да ги исполните вашите новогодишни одлуки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар