Намирници кои слободно можете да ги јадете по истекот на рокот

Намирници кои слободно можете да ги јадете по истекот на рокот

Ако видите дека се ближи рокот на траење на одредени намирници, не мора да значи дека веднаш треба да ги фрлите. Овие 5 можете да ги конзумирате дури и откако ќе им помине рокот.

Намирници кои слободно можете да ги јадете по истекот на рокот

Јајца

Јајцата во фрижидерот можат да употребат и до 3-4 дена по истекот на рокот на траење кој е наведен на амбалажата. Сепак, со стареењето јајцата губат на квалитет, па доколку сакате да правите нешто благо, подобро прескокнете ги и употребете свежи.

За да проверите дали јајцата се свежи, послужете се со еден кујнски трик. Наполнете еден длабок сад со вода и внимателно спуштете го јајцето внатре. Ако потоне веднаш значи е свежо.

Житарици

Кутиите со житарици имаат ознака за рокот на траење, но производителите претпоставуваат дека тие ќе имаат подеднакво добар квалитет и по истекот на наведениот датум. Житариците ќе бидат свежи и ни малку опасни за јадење и по 3 месеци од истекот на рокот на траење.

Јаболка

За да им го продолжите рокот на јаболката, сместете ги во пластична ќеса на која ќе направите неколку дупчиња како би можел воздухот да циркулира низ нив. Чувајте ги во фрижидер, а тие ќе бидат свежи дури и по 3 недели.

Салами

Херметички затворените индустриски салами можете да ги чувате и до две недели после истекот на рокот обележан на амбалажата.

Јогурт

Јогуртот кој стои во фрижидер може да се користи без никаква опасност барем 7 до 10 дена по истекот на рокот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар