Рабарбара – заборавена лековита билка со само 21 калорија што мора да ја имате во вашиот дом

Рабарбара – заборавена лековита билка со само 21 калорија што мора да ја имате во вашиот дом

Хранливите влакна, протеините, витамините Ц и К, како и Б-комплексот, калциумот, калиумот, манганот и магнезиумот се доста важни за здраво функционирање на секој организам. А рабарбарата (или ревенот) е полна со нив. Исто така, таа е богат извор на полифенол, флавоноиди како што се бета-каротин, лутеин и зеаксантин. Во продолжение прочитајте за што сѐ е добра ребарбарата…

1-namirnica-koja-sodrzhi-samo-21-kalorija-i-koja-mora-zadolzhitelno-da-ja-imate-vo-vashiot-frizhider-www.kafepauza.mk_

1. За слабеење

Таа е ниско калорична: 100 грама рабарбара има само 21 калорија, па затоа се препорачува на сите оние кои се борат со вишокот килограми. Исто така, го забрзува метаболизмот – што влијае на одржувањето на посакувана телесна тежина.

2. Кај болестите на срцето и крвните жили

Рабарбарата има незначајни количини на маснотии и холестерол. Може да ја зголеми количината на таканаречениот добар холестерол во телото. Тука се и антиоксидансите, кои го спречуваат дејствувањето на слободните радикали и ризикот од срцеви заболувања.

3. Варење

Рабарбарата одлично делува на дигестијата. Веќе одамна се користи како лаксатив, лек против запек, а во помали дози може да излечи и дијареја.

4. Во борба против Алцхајмерова болест

Најважниот витамин во рабарбарата е често запоставениот витамин К, кој е одговорен за невролошкото здравје, ги стимулира когнитивните активности на мозокот и со тоа ги намалува симптомите на Алцхајмеровата болест. Во комбинација со калциумот, позитивно влијае и на здравјето на коските.

5. Циркулација

Елементите како бакарот и железото, го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца.

6. Во борба против рак на дојката

Рабарбарата стана вистински нов хит помеѓу намирниците кои го спречуваат развојот на рак. Богата е со полифеноли – супстанци кои се познати по своето делување врз канцерогените клетки. Нивото на полифенол во рабарбарата драстично се зголемува доколку ја испечете.

2-namirnica-koja-sodrzhi-samo-21-kalorija-i-koja-mora-zadolzhitelno-da-ja-imate-vo-vashiot-frizhider-www.kafepauza.mk_

Кога ќе порасне, рабарбарата има големи, темнозелени листови со стебленца кои се долги од 15 до 30 сантиметри. Се јадат само стебленцата, а листовите не се јадат, бидејќи содржат оксална киселина.

Иако во нашите краеви е скоро заборавена, во САД, Англија и скандинавските земји е вистинска гастрономска ѕвезда. Иако нејзината сезона трае од април до јуни, како што кажавме претходно, многу лесно можете да ја израснете во оранжерии, па всушност може да биде достапна и во текот на целата година. Оваа повеќегодишна билка расте до 30 години, иако се препорачува да се замени после 10 години. Се јаде сирова, зготвена како компот, во џемови, зашеќерена, во пити и во сосови за јадења со месо.

Пред готвење, стеблата се чистат од надворешните тврди влакна. Рабарбарата најчесто се сече на парчиња со широчина од 2,5 сантиметри и се вари во вода со додавање шеќер. На еден килограм рабарбара се додава една, до една и половина лажичка шеќер. Парчињата рабарбара се готват додека не омекнат, а може да се стават во тава со длабоко дно без додавање вода, така што таа ќе се готви во сопствениот сок.

Погледнете го и овој рецепт за пијалак од лековита медитеранска билка што скоро инстантно го израмнува стомакот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар