Намалете ја депресијата со помош на овој антички метод

За потребите на една неодамнешна студија биле одбрани група луѓе што страдале од нарушување на депресијата. Научниците побарале од нив да посетуваат часови за јога и длабоко дишење, два пати неделно, како и да вежбаат дома, со цел да се открие влијанието на оваа античка техника за благосостојба. Според финалните резултати, јогата и длабокото дишење се исто толку ефикасни како и медикаментите. Станува збор за еден посебен вид јога, познат како хата, каде што луѓето се фокусираат на правилно држење на телото и учат како да преземаат контрола над своето дишење.

Намалете ја депресијата со помош на овој антички метод

„Оваа студија ја поддржува моќта на јогата и правилното дишење кога станува збор за тешка депресија кај личности што пијат и кај оние што не пијат антидепресиви“, вели д-р Крис Стритер. „И покрај тоа што поголемиот дел од фармаколошките третмани за депресија влијаат на одредени системи, како на пример, серотонинот, допаминот и норепинефринот, овој вид јога влијае на целиот организам и создава еден нов природен третман што може да помогне дури и кај најтешките случаи.“

За жал, станува збор за многу мала студија каде што немало контролна група, па ова малку го намалува значењето на заклучоците. Но, тоа не значи дека не можеме да извлечеме нешто значајно од ова откритие.

Ако страдате од сериозна депресија и особено ако не реагирате на антидепресивите, можеби спасот за вас се крие толку во јогата. Со контролираното јога дишење, вие можете да ја подобрите вашата добросостојба. Техниките на дишење вклучуваат ритмички вежби дизајнирани да ги сместат луѓето во смирена и медитативна состојба. Зарем ова не ви звучи како нешто што без сомнение би можело да ви помогне? Додека ги чекаме резултатите од проширената студија, пробајте и самите и пишете ни дали сте почувствувале некаква разлика.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар