Намалете го високиот крвен притисок за само 5 минути со помош на овие 2 едноставни чекори

Намалете го високиот крвен притисок за само 5 минути со помош на овие 2 едноставни чекори

Високиот крвен притисок е болест на модерното време која се поврзува со стрес, недостаток на сон и лош начин на исхрана. Скоро секој човек во одреден момент од својот живот може да се најде во ситуација каде притисокот му е покачен. Но, дали знаете што треба да направите во овие моменти со цел да го регулирате? Вашите мускули мора итно да се опуштат, па според Лун Хансен, докторот на фудбалскиот клуб Спартак, тоа можете да го сторите преку една тајна древна кинеска медицинска техника. Со нејзина помош вие можете да го намалите високиот притисок за само 5 минути, без притоа да мора да пиете лекови. Сè што треба да направите е нежно да ги масирате следниве 2 точки на вашето тело…

Намалете го високиот крвен притисок за само 5 минути со помош на овие 2 едноставни чекори

Прва точка

Станува збор за линија на телото која се протега помеѓу ресите на ушите до средината на клучната коска. Оваа линија не треба да се притиска силно, туку нежно и бавно да се гали со скоро незабележителни движења на вашите раце, од горе надолу, едвај допирајќи ја со врвовите на прстите. Повторете 10 пати од едната страна, а потоа преминете на другата, повторно 10 пати.

Втора точка

Оваа точка се наоѓа на делот од лицето кој е во ниво на ресите на ушите, на половина сантиметар од самите уши, во насока на носот. Масирајте ја оваа точка со врвовите на прстите, по 1 минута на двете страни од лицето. Притискајте посилно, но без притоа да почувствувате болка. Откако ќе завршите, вашиот крвен притисок треба да биде значително намален.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар