Намалете ги грижите со помош на овие 5 совети

Намалете ги грижите со помош на овие 5 совети

Дали некогаш се чувствувате како затвореник во сопствената глава? Дали имате тенденција да ги гледате негативните аспекти на нештата и постојано да се навраќате на грешките од минатото? Ако одговоривте со да, тогаш тука сме за да ви помогнеме.

0-namalete-gi-grizite-so-pomos-na-ovie-5-soveti-kafepauza.mk

1. Препознајте го проблемот

Препознајте го проблемот и бидете свесни за него кога тој ќе се појави. Важно е да го препознавате за потоа да можете да го решите. Често заглавуваме во рутини на негативно размислување, што по извесно време поминува во навика. Тоа се случува несвесно како гризењето нокти или зависноста од социјалните мрежи. Токму затоа следниот пат кога ќе почувствувате дека негативно размислувате, кажете си стоп! Важно е навистина да го изговорите ова за таквите мисли да престанат да кружат во вашата глава.

Исто така обидете се со визуелизација: замислете дека ја земате мислата и ја ставате во канта за ѓубре. Исто така, ако сакате малку поекстремна варијанта, тогаш ставете ластиче на раката и секогаш кога негативно размислувате, оптегнете го на раката за да се потсетите да престанете.

2. Именувајте ја ситуацијата

Кога негативно размислуваме секогаш постои некој страв дека ќе се случи нешто лошо. Можеби се прекорувате поради грешка на работното место, или сте рекле нешто погрешно при разговор со пријателите/партнерот. Без разлика која е причината, пробајте да го именувате негативното размислување. Тоа може да биде во една реченица, како на пример: „Страв ми е дека ќе ја изгубам работата.“ или „Му/ѝ се лутам на пријателот/пријателката бидејќи се однесуваше лошо со мене.“

Кога можете да го увидите проблемот, тогаш решението е во вашите раце. Ако можете да го именувате вашиот најголем страв или грижа запрашајте се што е најлошото што може да се случи. И дали можете некако да се справите со тоа? Одговорот на ова прашање скоро секогаш е потврден.

3. Вежбајте внимателност

Вниманието е состојба на забележување на моменталното искуство. Факт е дека трошиме премногу време жалејќи се, каејќи се или грижејќи се за минатото и иднината. Внимателноста може да ни помогне да го намалиме делот од нас кој постојано размислува и да го активираме оној кој чувствува. Добар пример е кога ќе се фатите себеси како работите ги правите механички.

На пример, следниот пат кога ручате, одолејте на импулсот да ги проверите социјалните мрежи. Наместо тоа, фокусирајте се на храната, амбиентот и вашите сетила. Вака ќе се вратите во реалноста. Кога чувствувате дека вашето внимание е слабо т.е. талка низ минатото или иднината, едноставно вратете се во сегашниот момент и запомнете: иднината не постои на ниедно друго место освен во вашата глава.

4. Прифатете го проблемот

Одвојте момент и откријте што е она што го предизвикува немирот кај вас. Замислете дека тој е поврзан со идните проекции или болки, или пак, грешки и каења од минатото. Потрудете се да ја прифатите моменталната ситуација. Тешко е, но болката и страдањата стануваат полоши ако повеќе размислуваме за нив. Пробајте да навлезете во чувствата и прифатете ги. Прифатете се себеси онакви какви што сте сега, во моментов. Престанете да посакувате работите да беа поинакви.

Кога ќе се фатите себеси како се грижите за минатото или иднината, прашајте се следново: „Што можам да направам околу тоа во моментов?“ Ако одговорот е ништо, тогаш прифатете ги нештата какви што се. Вдишете длабоко и правете нешто што ве усреќува. А, ако одговорот е да, тогаш проценете што можете да направите и направете го тоа.

5. Закажете одмор од грижи

Некогаш тешко е да се заспие поради големиот број грижи кои осцилираат низ нашата глава. Целиот ден ќе се чувствувате добро, но навечер вашиот мозок оди во темното ќоше и ви сервира страшни мисли кои чувствувате дека ве прогонуваат. Врските, имиџот, кариерата, финансиите, иднината, што ќе се јаде и слично – ова се сигурно дел од грижите поради кои не можете да заспиете навечер. Затоа дозволете си да бидете безгрижни како децата, барем на 15-30 минути. А додека се грижите, напишете сѐ што ви лежи на срцето. Навечер, кога не можете да заспиете кажете си: „Ништо не можам да решам во моментов. Време е за спиење. Утре ќе размислувам околу тоа.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар