Најважните вежби за истегнување според еден јога учител

Најважните вежби за истегнување според еден јога учител

Ванеса Дунливи е учител по јога која смета дека секојдневното изведување на овие вежби ќе ви помогне да ги издолжите мускулите, да се ослободите од напнатоста и да го одржите вашето здравје.

(7)najvazhnite-vezhbi-za-istegnuvanje-spored-eden-joga-uchitel-kafepauza.mk

„Секое тело е различно, па најдобрите вежби се различни за секого. Но, она што е најважно е секогаш да ги работите сите главни мускулни групи.“

Погледнете ги вежбите кои ги препорачува Ванеса.

1. Сфинга, за предниот дел од телото

(1)najvazhnite-vezhbi-za-istegnuvanje-spored-eden-joga-uchitel-kafepauza.mk

Оваа вежба ги отвора срцето и градите и е одлична за ‘рбетот. Легнете на вашиот стомак, а нозете нека ви бидат споени. Ставете ги рацете на земјата паралелни една на друга, а лактите нека бидат под рамената. Почнувајќи од долниот дел на абдоменот, кревајте се нагоре и држете ги нозете на земјата.

2. Свиткување напред, за задниот дел од телото

(2)najvazhnite-vezhbi-za-istegnuvanje-spored-eden-joga-uchitel-kafepauza.mk

Оваа вежба го опушта ‘рбетот и ги истегнува мускулите на задниот дел. Можете да ја направите вежбата со исправени нозе, или со благо свиткување на колената.

3. Раце на орел, за отворање на рамената

(3)najvazhnite-vezhbi-za-istegnuvanje-spored-eden-joga-uchitel-kafepauza.mk

Додека оваа јога поза е комплицирана за да ја изведете цела, доволно е да го направите само делот со рацете. Испружете ги рацете пред вас и вкрстете го десниот лакот врз левиот. Свиткајте ги лактите за вашите прсти да гледаат нагоре и спојте ги дланките. Повторете и со левиот лакот врз десниот.

4. Не го заборавајте вратот

(4)najvazhnite-vezhbi-za-istegnuvanje-spored-eden-joga-uchitel-kafepauza.mk

Држете ги рамената опуштени, доближете го левото уво до левото рамо, а потоа десното уво до десното рамо. За да го истегнете задниот дел од вратот, придвижете го носот кон едното па кон другото рамо.

5. Истегнување на колковите

(5)najvazhnite-vezhbi-za-istegnuvanje-spored-eden-joga-uchitel-kafepauza.mk

Легнете на вашиот грб или седнете на стол. Ако сте на стол, почнете со двете стапала на земјата и со исправен грб. Ставете го десниот глужд врз левото колено во права линија, паралелно со подот. Потоа навалете се напред со исправен грб.

6. Истегнување на квадрицепсот

(6)najvazhnite-vezhbi-za-istegnuvanje-spored-eden-joga-uchitel-kafepauza.mk

Застанете на една нога и доближете го десното стапало до десниот колк. Фатете го стапалото со десната рака. Направете ја вежбата и со другата нога.

Ванеса иста така изјавува дека овие вежби се создадени за да ги поврзат умот, телото и здивот и сите заедно создаваат совршена хармонија.

Погледнете ги и овие 6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар