Најуспешните техники за рано будење

Најуспешните техники за рано будење

Ранобудниците ја имаат можноста да добијат од еден до три часа повеќе време во денот за фокусирање и креативност. За да успеете да станувате наутро, треба да го засакате утрото, а не да размислувате негативно за него. Пред сè, утрото е период кога светот е уште мирен, а во тој период вие можете да читате книга, да вежбате, да напишете нешто или да медитирате. Ова се најинтересните методи за да станете ранобудник и подолго да уживате во денот.

Најуспешните техники за рано будење

Метод на постепеност

Најдобар метод за менување на времето на станување е следниов. Секое наредно утро во наредните 3-4 дена станувајте 10-15 минути порано, за постепено да се навикнете, а потоа повторно повторете го истото. Доколку најчесто станувате накај 9 часот наутро, не местете го алармот директно во 6, туку во 8.45 минути. Можеби на повеќето луѓе ова им делува многу бавно, но експериментите покажале дека со овој метод можете да направите промена во вашиот живот.

Ненадејните и големи промени во станувањето се многу тешки и скоро е сигурно дека таа навика многу малку ќе трае. Доколку станете 2 часа порано од претходниот ден, само ќе се мачите и нема да уживате во денот.

3 чекори за станување од кревет

Да замислиме сценарио во кое сте го испочитувале првиот чекор и веќе после 3-4 дена станувате 30-45 минути порано отколку вообичаено. Но, сепак сѐ уште имате тенденција да стиснете на копчето „snooze“ на алармот и да поминете уште некое време во кревет, без разлика дали ќе спиете или само ќе лежите. Ова се 3 чекори да ја победите таа навика:

1. Бидете возбудени за денот. Ноќта пред да си легнете, замислете си едно нешто кое ќе сакате да го сторите утрото. Дали ќе си приготвите убаво кафе, ќе слушате некоја забавна утринска емисија на радио или ќе прочитате една глава од вашата книга, воопшто не е важно. Кога ќе ги отворите очите, сетете се на тоа што сте го замислиле, а тоа ќе ви биде мотивација плус порано да станете.

2. Скокнете од кревет. Да, буквално скокнете од кревет со ентузијазам. Верувајте помага.

3. Ставете го алармот далеку од креветот. Доколку часовникот или мобилниот на кој ви е наместен алармот, го поставите веднаш до креветот, тогаш многу лесно ќе ви биде да го стиснете копчето „snooze“ и да си продолжите да спиете. Но, доколку го ставите на другиот крај од собата, ќе морате да станете. Откако ќе станете, пробајте веднаш да појдете во бањата и измијте си го лицето.

Најуспешните техники за рано будење

Што да правите откако ќе станете?

Најважно е веднаш да ги напоменеме работите кои не треба да ги правите:

  • Не проверувајте го вашиот имејл
  • Не слушајте вести
  • Не отворајте Фејсбук, Твитер, Гугл+, Пинтерест или Инстаграм
  • Кусо кажано, не правете ништо што вообичаено правите

Наместо тоа правете нешто од овие работи:

1. Испијте чаша вода. Преку ноќта нашето тело дехидрира, па пробајте да испиете една цела чаша вода. Исто така ова ќе ве освежи и ќе се чувствувате порасонето.

2. Медитирајте. Доволни ви се и само 3 минути. Ова е одличен начин да го започнете денот. Не правете ништо, само седете и фокусирајте се.

3. Напишете нешто. Доколку не сте по пишувањето, нацртајте нешто или на каков било друг начин изразете се креативно.

4. Вежбајте. Без разлика дали ќе вежбате дома или ќе излезете на прошетка или на џогирање, ова е одличен начин да го започнете денот. Доволни ви се и само 10 минути.

5. Напијте се свежо кафе, исцеден сок или чај. Што и да одберете нема да погрешите.

Најуспешните техники за рано будење

Порано заспивање

Не е возможно да станувате порано, а да не ви се приспива порано. Можеби ќе издржите некое време да одите контра вашите потреби за спиење, но по некое време едноставно ќе се скршите. Ова се одлични совети за порано легнување.

1. Одредете си однапред кога ќе си легнете. Бидејќи 7-8 часа се сосема доволно за спиење, доколку станувате во 7 часот наутро, обидете се да си легнувате околу 11 часот ноќта. Исто така, можете да правите и куса дремка во попладневните часови од денот.

2. Смислете си ритуал пред легнување. Пример: спремете си ја омилената шолја за кафе за наутро да ви биде подготвена, одберете што ќе носите утредента на работа и читајте книга дур не заспиете.

3. Без лаптоп во кревет. Ова не се однесува само на компјутер, туку и на таблети или телефони. Исто така исклучете го и телевизорот. Дозволете си само книга.

4. Вежбањето помага многу. Доколку го истрошите телото претходно, со сигурност побрзо и посилно ќе заспиете. Вежбајте барем еден час пред да си легнете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Михаела Јовановска Reply

    Вежбањето е супер, но не за пред легнување. Кога вежбаме срцето почнува силно да чука и после тоа нема да можеме да заспиеме, затоа подобро тоа да го оставиме за насабајле. Иначе другите совети се баш екстра, ќе се потрудам да ги применам 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Да, баш затоа треба да се вежба минимум еден час пред спиење. 🙂

  2. Елена Reply

    Треба минимум два часа.Убаво да го “спремиш” организмот за спиење.Јас така имам прочитано 🙂
    А свежо исцеден сок повеќе расонува отколку кафе.Витамините повеќе помагаат во расонувањето и плус се чувстувате посвежо во утринските часови.

Напиши одговор на Кафе пауза Откажи одговор