Најсреќниот човек во светот ја открива тајната на среќата

Многу често луѓето се прашуваат како да бидат среќни. Одговорот на ова вечно прашање го има Матие Рикар, будистички свештеник кој 50 години поминал на Хималаите и таму го нашол рецептот за вечната среќа. Фактот дека Рикар е најсреќниот човек во светот е научно докажан од страна на Универзитетот во Висконсин. Според истражувањата, неговата контрола на умот е неверојатна, а неговиот мозок произведува такво ниво на гама зраци поврзани со свесноста, вниманието, учењето и памтењето какво што никогаш досега не било забележано. Ова се неговите 5 едноставни совети со чија помош ќе ја пронајдете вистинската среќа во животот…

Најсреќниот човек во светот ја открива тајната на среќата

1. Не грижете се

„Не грижете се за ништо. Ако наидете на некои потешкотии и проблеми за кои постои решение, направете го она што е потребно. Ако не постои решение, нема поента да се грижите бидејќи така проблемот ќе станува сѐ поголем. Опуштете се. Размислете кои други корисни работи би можеле да ги направите. Најдете друг пат.“

2. Вежбајте да бидете среќни

„Постојат многу значајни човечки особини кои се потребни за да се има среќен, исполнет живот и за да се функционира на најдобар можен начин, а тоа се грижата, љубовта, добрината, внатрешната слобода и вантрешниот мир. Тие особини нема да можете да ги усовршите без вежбање, а вежбањето нормално дека одзема време.“

3. Пронајдете ја вашата страст

„Кога имав 20 години бев збунет и не можев да откријам со што би можел да се занимавам и која професија би му дала смисла на мојот живот. Во еден момент мора да се запрашате што е она што ви е вистински важно. Грчкиот поет Аристофан рекол дека образованието не е само полнење вазни, туку и палење оган. И тој оган треба да му даде смисла на животот. А оган не е секогаш таму каде што мислите дека би можел да биде. Постои одредена област, вештина што ќе ве исполни и инспирира. Барајте ја и направете го она што е потребно за да ја постигнете вашата животна цел.“

4. Секому посакувајте среќа

„Бидете алтруисти и посакајте секој човек на светот да пронајде среќа. Зошто би исклучиле некого? Ако посакате некому среќа, не значи дека посакувате тој да прави лоши работи, да лаже и да ги малтретира другите, бидејќи тоа не носи никому среќа. Тоа значи дека треба да бидете сочувствителни и ослободени од страдањето, лутината, ароганцијата и нарцизмот.. Алтруизам значи да им посакувате само добро на луѓето.“

5. Помагајте им на другите

„Каде и да одам, одам со цел да помогнам некому. Зошто инаку би патувал? Совршено добро ми е таму каде што живеам, на Хималаите. Кога се симнувам од Хималаите, посакувам да помогнам некому. Инаку, секое излегување од куќата би било губење време.“

Погледнете го и видеото во кое најсреќниот човек во светот зборува за среќата…


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар