Најпознатиот руски психолог советува: Менувајте се себеси, а не другите!

Најпознатиот руски психолог советува: Менувајте се себеси, а не другите!

Сите луѓе се прашуваат зошто се несреќни, кои пречки им стојат на патот и како можат да ги надминат. Честопати, тие не сфаќаат дека проблемот лежи во нив самите, а не во другите. Ова е многу зборувана тема, за која свое објаснување дал и најпознатиот руски психолог Михаил Лабковски. Тој ги открива 10-те тајни на среќата по чие дознавање, вашиот начин на размислување целосно ќе се промени…

Најпознатиот руски психолог советува: Менувајте се себеси, а не другите!

1. Не плашете се од среќата

Многу луѓе пораснале во семејства кои не знаат да уживаат во животот и каде членовите немаат навика да говорат дека им е добро и дека се среќни. Неспособноста на родителите да се радуваат и смеат се пренесува и на децата, кои почнуваат да мислат дека светот функционира на тој начин. Друга грешка е мислењето дека за секое убаво искуство ќе треба да платите подоцна. Ние се плашиме да чувствуваме задоволство во животот и го поврзуваме тоа со нешто лошо и расипано.

2. Престанете да се жалите

Што сакате да постигнете кога се жалите некому за вашите проблеми? Вие сакате да се жалите, а не да ги решите проблемите. Луѓето го измислиле човечкиот јад. Полесно е да се страда отколку да се живее среќно. Здравите луѓе или ќе ја прифатат ситуацијата таква каква што е или ќе ја променат. Невротичните луѓе не го прават ни едното ни другото. Тоа важи и за физичките болести. Психички здравиот човек ќе се лечи од болеста, а невротичниот ќе сака да биде болен, бидејќи тоа ќе му даде причина да се жали. Ова прераснува во некој вид хоби: Самите да си измислите проблем и да страдате поради него.

3. Разликувајте ги реалните проблеми од измислените

Разликата помеѓу здравиот и невротичниот човек е тоа што првиот се грижи за вистинските проблеми, а другиот страда од непостоечки.

4. Не се обидувајте да им помогнете на сите околу себе

Желбата да им помогнете на сите околу вас потекнува од стравот дека луѓето не можат да ве сакаат поради она што сте, па преку помошта што ја нудите се обидувате да ја зголемите самодовербата. Поради тоа, доколку не ја побарале вашата помош, не се мешајте во туѓите проблеми, туку посветете им се на оние на кои навистина им треба помош.

5. Не одговарајте ако не сте биле прашани

Кога со зборови или дела одговарате на непоставени прашања, вие на тој начин ја покажувате вашата вознемиреност. Ова е личниот пример на Лабковски:

„Еднаш поминував со девојка ми покрај една продавница, таа виде еден фустан и ми кажа ’Леле колку убав фустан!’. Кога ништо не одговорив, таа ми кажа: ’Знаев дека не си маж!’. Јас би ѝ го купил фустанот да ме замолеше, но ако во ваква ситуација вие веднаш истрчате да платите на каса, тогаш вие сте несигурна личност.“

Најпознатиот руски психолог советува: Менувајте се себеси, а не другите!

6. Разликувајте ја љубовта од зависноста

Луѓето никогаш нема да го остават она што го сакаат. Лабковски го објаснува ова преку неговата навика – пушењето:

„Пушев 37 години, а во последните 10 години пушев по 3 кутии дневно. Еднаш престанав да пушам кога докторот ми кажа дека сум готов. И тоа траеше 1 час и 40 минути. Престанав да пушам дури тогаш кога си реков самиот на себе дека не ги сакам цигарите, а не дека сум зависен од нив. Невротичните луѓе не можат да ја разликуваат љубовта од зависноста.“

7. Рутината не е секогаш лоша работа

Лабковски веќе 37 години има живот исполнет со рутини. Тој чита, предава и се чувствува прекрасно. Невротичните луѓе не можат да живеат на мира, се плашат дека нема да стигнат да направат нешто, завршуваат по 5 факултети, постојано се вознемирени и чувствуваат непријатност доколку не прават ништо.

8. Менувајте се себеси, а не другите

Ова се однесува пред сѐ на воспитувањето на децата. Нема да можете да ги принудите да направат нешто, доколку вие самите не го правите тоа. Децата не го учат она што им го зборувате, туку она што и самите го применувате. Тие го имитираат вашиот начин на однесување кон другите. Во овој случај многу е корисен советот на стјуардесите: Ставете ја воздушната маска прво на себе, па потоа на детето.

9. Веднаш ја прифаќате туѓата критика

Замислете си ја следнава ситуација: Седите во автобус и влегува стара баба. Цел автобус ве гледа луто и вие станувате што е можно побрзо. Зошто го правите тоа иако бабата не ве замолила да станете? Причината се крие во ниската самодоверба и стравот од осудување. Направете експеримент: Ако не сакате да станете, продолжете да седите и без разлика што зборуваат луѓето околу вас – не реагирајте никако. Со текот на времето ќе сфатите дека туѓата критика може и да се игнорира.

10. Правете го само она што сакате

Класичен пример на ова е кога си играте со вашите деца затоа што „така треба“, бидејќи сте добра личност, а тоа значи дека мора да си играте со вашите деца. Престанете да го правите тоа. Играјте се со нив тогаш кога ќе сакате да си играте, бидејќи тие ќе почувствуваат дека тоа го сфаќате како обврска, а не како забава. Чувството на обврска не е љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар