Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет, 2014

Пролетта полека се приближува, а со неа ќе ни дојде и потопло време, подолги денови и многу повеќе сонце. Најдобриот начин да ја пречекате е со светол и весел маникир. Пастелните бои оваа сезона се во тренд, па затоа тргнете ги настрана темните и силни бои на лакови за нокти. Бидејќи има толку многу голем избор, ние одвоивме дел од боите кои ќе бидат најпопуларни оваа сезона. Погледнете.

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014

Бели бои

Белата боја е новата неутрална. Но, и покрај тоа што можеби ви изгледа како најлесниот избор, доколку почнете да ја барате совршената нијанса за вашите нокти, ќе сфатите дека постојат повеќе варијации отколку што можете да замислите. За среќа, сите овие нијанси одговараат на сите тонови на кожа.

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014

Жолто-зеленикави бои

И покрај тоа што овие нијанси на бои се малку необична комбинација и потребно е време за да се навикнете на нив, доколку сте расположени за експериментирање нема да згрешите со овој избор.

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014

Сиво-кафеави бои

Оваа нијанса на боја на лакови е остварување на сон. Таа изгледа прекрасно на ноктите, никогаш не излегува од мода и ќе ви одговара со сите видови и бои на облека и шминка. Не можете да не ја сакате, нели?

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014

Црвенкасто-розови бои

Лаковите во корална боја секогаш ќе бидат еден од омилените избори за време на потоплите зими, но оваа сезона трендот преминува кон понежните нијанси. Овие бои не упаѓаат директно во очите, но сепак можете да ја контролирате нивната сјајност во зависност од тоа колку вие сакате да бидат впечатливи.

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014

Морско зелени бои

Доколку ви е здодеано од различните нијанси на ментол и не сакате веќе да носите силна смарагдна боја на нокти, дозволете им на морско-зелените нијанси да бидат вашиот нов избор. И покрај тоа што е слична со ментол, оваа нијанса е поблиску до сината и поради тоа и дава неочекуван пресврт. Суптилна разлика, но доволно да ја освежи вашата колекција на зелени лакови за нокти.

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014

Бледо сини бои

Кога сината е многу бледа, таа станува слична со белите нијанси, а со тоа и скоро неутрална. Бледо сините бои одговараат на скоро сѐ, но истовремено и ќе направат вашите нокти да се издвојуваат.

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014

Пастелни розови бои

Сите сме поминале период во кој сме биле зависни од пастелни розови бои на лакови. Во нив едноставно постои нешто освежително и деликатно, особено во начинот на кој тие изгледаат на ноктите – совршено за дочекување на потоплото време.

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014

Виолетови бои

Лаковите во сивкасто-виолетова боја оваа сезона се едни од најпопуларниот избор. Тие се совршениот компромис помеѓу сиво и виолетово и токму затоа спаѓаат во неутралната територија. Можете без размислување да ги носите и на работа и на вечерно излегување.

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014

Нежно жолти бои

Доколку чекавте соодветен момент за да испробате жолти нијанси на лакови за нокти, но долго време не можете да најдете нијанса која ви се допаѓа, тогаш можеби треба да им дадете шанса на овие. Бледите жолтеникави бои ја немаат силината на бојата на лимон, но сепак им овозможуваат на вашите нокти суптилна експлозија на боја.

Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет 2014


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар