Најлошата љубовна врска во вашиот живот ќе биде онаа со патолошки лажго

Никогаш не започнувајте врска со патолошки лажговци, бидејќи тие ќе можат да ве гледаат право во очи и да ве лажат. Никогаш нема да можете да препознаете дали се искрени или кажуваат лаги, бидејќи не постојат знаци што ги издаваат. Тие немаат грижа на совест. Не постои начин да ја извлечете вистината од нив. Можете само да се надевате дека се искрени.

Најлошата љубовна врска во вашиот живот ќе биде онаа со патолошки лажго

Никогаш не започнувајте врска со патолошки лажговци, бидејќи најдобрите помеѓу нив ќе ве натераат да помислите дека сте луди. Тие ќе знаат точно што да кажат за да се посомневате во вашата меморија. Тие ќе можат да го испревртат секое можно сценарио за да им поверувате дека се невини. Ќе ви ја префрлат вината вам поради тоа што „неправедно“ ги обвинувате.

Дури и во ретките случаи кога ќе „фатите“ во лага од која не можат да се извлечат, тие ќе најдат начин да ви ја префрлат вината. Тие можат да го пренасочат сите проблеми кон вас и да ве убедат дека вие сте виновни за нивната грешка. Дали сте нашле пораки од друга личност во нивните телефони? Не сте смееле да им ја нарушувате приватноста! Дали сте ги виделе како се прикрадуваат во куќата на некој непознат човек? Не сте смееле да ги следите и шпионирате!

Никогаш не започнувајте врска со патолошки лажговци, бидејќи тие никогаш не признаваат дека згрешиле. Тие се однесуваат како да се невини, дури и тогаш кога е очигледно дека се виновни. Понекогаш нивните лаги се толку комплицирани, што нема да можете да ги забележите. Некогаш, нивните лаги се толку бесмислени што ќе поверувате во нив, бидејќи нема да ви се верува дека некој би лажел за нешто толку глупаво.

Никогаш не започнувајте врска со патолошки лажговци, бидејќи ништо не ги издава дека лажат. Не се помрднуваат од место, не стануваа нервозни, не го тргаат погледот. Не се однесуваат поразлично од ретките моменти кога ја кажуваат вистината, така што невозможно е да ги препознаете нивните лаги.

Никогаш не започнувајте врска со патолошки лажговци, бидејќи тие лажат на најневеројатните можни начини. Тие кријат телефонски броеви со лажни имиња. Ги заклучуваат екраните за да не можете да им ги читате пораките. Ќе ве блокираат од социјалните мрежи за да можат да разговараат со кого сакаат позади ваш грб.

Никогаш не започнувајте врска со патолошки лажговци, бидејќи тие лажат за најмалите ситници за кои нема апсолутно никаква потреба да се лаже. Тие ќе ве лажат дека ги измиле садовите. Ќе ве излажат за тоа колку испиле. Ќе ве излажат за она што се случило на работа и кога станале од спиење. Тие лажат исто толку често колку што дишат.

Никогаш не започнувајте врска со патолошки лажговци, бидејќи тие толку добро раскажуваат приказни што никогаш нема да претпоставите дека измислуваат, додека не ги чуете како ја раскажуваат истата приказна на сосема различен начин. Со текот на времето ќе сфатите дека она што го кажуваат нема смисла. Со текот на времето ќе сфатите дека не можете да верувате на ниту еден збор што излегува од нивната уста.

Патолошките лажговци не се единствените луѓе што треба да ги одбегнувате. Прочитајте за 6-те вида токсични луѓе со кои не треба да започнувате врска.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар