Најголемите модни икони во литературните дела

Модата во литературата е честопати симбол на краткотрајноста. Сепак, неретко се случува одреден моден елемент да има своја приказна. Сетете се на стаклената чевличка на Пепелашка или розовото одело на г-дин Гетсби. Во продолжение прочитајте кои се 5-те најзначајни модни икони од книжевниот свет во чија инспирација се пронаоѓа секоја современа жена.

Најголемите модни икони во литературните дела

1. Лејди Брет Ешли, „Сонцето повторно се раѓа“ – Ернест Хемингвеј

Дваесеттите години на минатиот век беа период во кој многу модни слободи ја почувствуваа светлоста на денот. Сепак, во романот „Сонцето повторно се раѓа“, Лејди Брет Ешли оди чекор понатаму, поместувајќи ги не само модните, туку и општествените граници. Таа плени со својот шарм, самодоверба и „проклето добро изгледа“, што е воедно и најголемиот комплимент кој Хемингвеј, инаку скржав на зборови, некогаш го упатил кон една жена.

Најголемите модни икони во литературните дела

„Брет беше безочно допадлива. Имаше на себе плетен џемпер и здолниште од твид, а косата ѝ беше исчешлана наназад како на момче. Сѐ тоа таа го лансираше. Беше заградена во линии како од тркачките јахти, а во волнениот џемпер ништо не беше скриено од погледот.“

2. Холи Голајтли, „Појадок кај Тифани“ – Труман Капоте

Дали е воопшто потребно да се нагласи значењето кое малиот црн фустан го има во модниот свет? Кога Одри Хепберн во првите сцени на култниот филм „Појадок кај Тифани“ стои пред излогот на бутикот на Петтата авенија е моментот кога филмот фрла сенка на истоимениот роман и кога малиот црн фустан станува најпосакуваниот предмет помеѓу модните познавачи.

Најголемите модни икони во литературните дела

„Вечерта беше топла, безмалку летна, и таа беше во лесен и тесен црн фустан и црни сандали, а околу вратот имаше низи бисери. И покрај целата нејзина елегантна виткост, таа изгледаше здраво, како од реклама за утрински зобни житарки, даваше впечаток на чистота која се постигнува со сапун и лимон, а образите ѝ беа темно румени. Имаше голема уста и напрчен нос. Темните очила ѝ го сокриваа лицето. Тоа беше лице на личност која повеќе не е дете, но сѐ уште не е жена. Што се однесува до нејзините години, можно е да имаше помеѓу 16 и 60. Подоцна излезе дека тогаш од 19-тиот роденден ја делеле само уште два месеци.“

3. Скарлет О’Хара, „Одвеени со виорот“ – Маргарет Мичер

Не мора да ја сакате Скарлет О’Хара, но не можете да останете рамнодушни и имуни на нејзината снаодливост. Во моментите кога целиот нејзин свет се наоѓа пред распаѓање, таа шие бело-зелен цветен фустан за да го одржи привидот на финансиска стабилност и така придобива и повеќе од потребната сума пари на заем. Освен тенкиот струк, оваа литературна хероина може да се пофали и со иновативноста, што е и една од најважните карактеристики на една модна икона.

Најголемите модни икони во литературните дела

„Појди во поткровјето и те молам донеси ја мојата кутија со кројки за фустани, драга Мами. Сакам да направам нов фустан.“

4. Естер Гринвуд, „Стаклено ѕвоно“ – Силвија Плат

Малиот црн фустан на Естер Гринвуд, алтер егото на Силвија Плат, можеби не е толку познат како оној на Холи Голајтли, но е подеднакво важен. Тој ѝ овозможува да балансира помеѓу два света, надворешниот во кој не се пронаоѓа и внатрешниот.

„Носев фустан од црн шантунг кој ме чинеше 40 долари. Беше дел од куповната треска која ја изведов со дел од парите од стипендијата кога слушнав дека сум една од среќничките кои ќе одат во Њујорк. Тој фустан беше толку чудно кроен, што под него не можев да носам никакво елече, но тоа не беше толку важно бидејќи бев слаба како момче и немав скоро никакви облини, а сакав во врелите ноќи да се чувствувам скоро гола.“

5. Г-ѓа Хавишам, „Големите очекувања“ – Чарлс Дикенс

Госпоѓата Хавишам, жената која едната чевла секогаш ја чува на масата, а венчаницата не ја вади од себе откако во младоста е оставена пред олтарот, се вбројува во најтрагичните ликови на Дикенс, но исто така може да се смета и за една од најголемите модни икони.

Најголемите модни икони во литературните дела

„Беше облечена во бел, скапоцен фустан од сатен, чипка и свила. И чевлите ѝ беа бели. Од главата ѝ се спушташе долг бел превез, а во косата имаше наместено цвеќе како кај невестите, само што и косата ѝ беше бела. На вратот и на рацете ѝ блескаа сјајни драги камења, а други светкави работи беа расфрлани по масата. Насекаде лежеа фустани, помалку раскошни, и до пола полни ковчези. Ја немаше довршено тоалетата. Имаше само една чевла, а другата стоеше на масичката, на дофат на рацете.“


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар