Наједноставниот рецепт за среќа: Кажете ДА на новите предизвици во животот!

Ако се чувствувате исцрпено, тажно и без енергија тогаш е време за нов почеток во вашиот живот. Не постои подобар период од летото за воведување нови промени. Сѐ што треба да направите е да го променете ставот и да кажете ДА!

0-najednostavniot-recept-za-srekja-kazhete-da-na-novite-predizvici-vo-zhivotot-kafepauza.mk

1. Направете мали чекори

Ако имате сон да започнете нов бизнис додека сѐ уште сте на факултет или имате постојана работа, размислете за започнување на тој бизнис. Дозволете си себеси да учите, да растете и да напредувате во работата, но притоа да поседувате сигурност која ви ја овозможува старата работа. Со текот на времето, ќе станувате сѐ посигурни и посигурни во себе и своите квалитети, па во еден момент ќе сакате да преминете на следниот предизвик: работење со полно работно време за себе.

Ако сакате да трчате на маратон, прво поставете помала цел (5 километри) за да се навикнете на тренингот и на подготовките за трката. Нема потреба веднаш на почетокот да поставувате нереални цели кои знаете дека не можете да ги исполните – тоа веднаш ќе ве демотивира. Само постепениот напредок може да ве однесе таму каде што сакате да стигнете.

2. Соочете се со стравовите

Одвреме-навреме направете нешто што никогаш не би можеле да го направите. Тоа ќе ви пружи голема доза адреналин која ќе внесе големи промени во вашиот целокупен живот. Ако имате страв од височина, можеби ова е вистинското време да се осмелите и да пробате банџи скокање. Поради зголемувањето на самодовербата, која соочувањето со стравот ќе ви ја донесе, вие ќе бидете поспремни за големи промени во животот. Ако досега се плашевте од онлајн состанување или промена на кариерата сега можеби, сте спремни за таквиот ризик, без да се плашите што следува потоа.

1-najednostavniot-recept-za-srekja-kazhete-da-na-novite-predizvici-vo-zhivotot-kafepauza.mk

3. Вклучете се во група

Кога е во прашање преземање ризик чија цел е да му даде поинаков терк на вашиот живот, тогаш ова е вистинското време да размислите за вклучување кон некоја група луѓе со која ги делите истите желби и цели. Тоа може да биде учење на нов јазик или некоја креативна работилница. Ако немате доволно време за вакви активности, можете да запознаете луѓе на разни блогови или друштвени заедници, со кои ги делите интересите. Делете го своето мислење, совети и учете ново нешта.

4. Побарајте помош

Последно, но не и помалку важно, ако чувствувате дека ви е потребна помош го имате секое право да ја побарате. Ако сте студент кој е насочен кон градење на кариерата, едноставно одете на консултации кај професорот. Тој сигурно ќе ви излезе во пресрет и ќе ви помогне во врска со сѐ што е врзано со вашата идна професија. Тој е оној кој најдобро ќе ве советува, ќе ви каже со какви предизвици ќе се соочите понатака и што ќе се очекува од вас.

2-najednostavniot-recept-za-srekja-kazhete-da-na-novite-predizvici-vo-zhivotot-kafepauza.mk

Размислете за пријателите или за некои постари колеги кои постигнале голем професионален успех со кој можете да ги здружите силите и да соработувате на хонорарна или волонтерска база. Од ваквото искуство може да се стекнете со неверојатно знаење и вештини кои е навистина корисно да се најдат во вашето CV за подоцнежната потрага по работа. Исто така, преку прирачници и разни книги, можете да дознаете нешто ново или да научите некој нов јазик или програмирање.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар