Наједноставниот лек за болно грло

За време на зимскиот ладен период често знае да нè боли грлото. Овој пат наместо да фрлате пари на лекови, кои можат да ви го намалат имунитетот на организмот, пробајте да го приготвите овој природен лек кој многу ќе ви помогне.

Наједноставниот лек за болно грло

Земете една мала тегличка и наполнете ја со резанки лимон и ѓумбир. Потоа наполнете ја тегличката до врв со мед, убаво затворете ја и оставете ја на ладно во фрижидер, каде што ќе се направи желе.

Начин на користење:

Црпнете една супена лажица од желето, ставете ја во шолја и прелијте со врела вода. Оставете желето да се растопи и чајот е готов. Смесата може да стои во фрижидер 2-3 месеци. Ова е многу едноставен, но и многу делотворен лек против болки во грлото. Многу научни истражувања покажале дека медот може да помогне при многу болести.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар