Најдобрите совети за рамен стомак

Најдобрите совети за рамен стомак

Рамниот стомак е желба на секого, особено во летниот период, кога се носи тенка и лесна облека, со која сите недостатоци излегуваат на виделина. За да дојдете до рамен стомак, морате да направите некои промени во начинот на живеење, кои ние ви ги прикажуваме преку неколку одлични совети.

Најдобрите совети за рамен стомак

Опуштете се

Стресот и нервозата го подигнуваат производството на кортизол, хормон кој помага при складирањето на мастите, особено во делот на абдоменот. Практикувајте длабоко дишење. Тоа е вежба која го снижува нивото на стрес, па затоа на секој саат направавте куса пауза и вдишете длабоко барем пет пати. Додека вдишувате одбројте до пет, додека издишувате бројте до десет.

Седнете и јадете

Доколку јадете премалку, телото е програмирано на изгладнување. Затоа сета калорична храна која ќе ја внесете, телото ќе ја складира наместо да ја согори, поради „страв“ дека многу набрзо ќе влезе во фаза на изгладнување.

Правете кардио вежби

Мускулите се метаболистички поактивни од мастите, што значи дека што повеќе ги имате, толку побрз ќе ви биде метаболизмот. Том Холанд, тренер по професија, советува неделно да вежбате онолку минути, колку што имате килограми, сметајќи по американските мерни единици. Па така, доколку имате 65 килограми, тоа се 145 фунти (lb), што значи дека треба да вежбате толку минути неделно. Најубаво е овој износ да го распоредите во неколку денови од неделата. За да пресметате колку сте тешки по американскиот систем на мерни единици, можете да искористите некој од онлајн сервисите за конвертирање од една единица во друга.

Јадете интегрални житарки

Истражувањето спроведено од Универзитетите „Пен Стејт“ и „Тафтс“ од САД, откриле дека луѓето кои јадат повеќе интегрални житарки, а помалку рафинирани јаглехидрати имаат помалку маснотии на струкот.

Кога вежбате, опфатете ги сите мускули

Тренерот Ганар Петерсон кој работи со Софија Варга и Ким Кардашијан вели дека треба редовно да правите вежби за секој дел од стомакот, па затоа почнете да правите различни видови стомачни вежби.

Најдобрите совети за рамен стомак

Пијте зелен чај

Многу истражувања покажале дека антиоксидансите од зелениот чај го поттикнуваат метаболизмот и одлично делува на подрачјето околу стомакот.

Посегнете по билките

Нането, камилицата и ѓумбирот ја намалуваат подуеноста на стомакот, а благовремено делуваат и на целиот дигестивен систем. Доколку не ги сакате овие чаеви, добра алтернатива е ананасот кој содржи бромелин, ензим кој исто така делува на дигестивниот систем.

Намалете со шеќерот

Неколку американски истражувања покажале дека во просек американците дневно внесуваат по 20 коцки шеќер во организмот. Поголемиот дел од нив не ни знаат дека него го внесуваат преку замрзнатите готови вечери, јогуртите, сосовите за салати и слично. Тоа се дополнителни 325 калории дневно, а покрај тоа шеќерот го зголемува производството на инсулин кој го забавува метаболизмот.

Држете се до правилото „десет проценти“

Тренерот Холанд советува дека 10% од вежбите кои ги правите треба да ги резервирате за стомачните мускули.

Вечерајте едноставна храна

За вечера јадете протеинска храна и зелен зеленчук. Избегнувајте десерти и тешка храна.

Најдобрите совети за рамен стомак

Водете дневник за вашата исхрана

Запишувајте што јадете и запомнете поради која храна најчесто се дуете, па почнете да ја одбегнувате.

Јадете храна богата со калциум и калиум

Телото може да задржува повеќе вода ако нивото на калиум и калциум во организмот е ниско. За да го одржите нивното ниво, јадете спанаќ, банани, урми, суво грозје, риба, компир, пијте јогурт и слично.

Избегнувајте пржена храна

Маснотијата во пржената храна се вари многу бавно и поради неа често се чувствувате подуено и ви е тешко на стомакот.

Зголемете го интензитетот на вежбање

Зголемете им го интензитетот на вашите вообичаени кардио вежби и ќе трошите многу повеќе калории. Тренерот Петерсон вели дека спринтот во возењето велосипед, трчањето, пливањето или во кој било друг спорт е доволно да трае и само 10, 20 или 30 секунди. Откако малку ќе се одморите можете повторно да забрзате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Ane Reply

    ain’t nobody got time for that.

Напиши одговор на Ane Откажи одговор