Најдобрите мобилни апликации за убавина

Понекогаш помислувате дека треба сè да правите сами? Да наоѓате соодветна шминка, фризура, да купувате производи за убавина и нега… но, некогаш немате ни време ни нерви за ова.

Модерната технологија секојдневно ни го олеснува животот. Истото важи и кога станува збор за нашата надворешна убавина. Овие неколку апликации им помагаат на жените ширум светот да го негуваат својот изглед и да блескаат секој ден.

SEPHORA + PANTONE COLOR IQ

Најдобрите мобилни апликации за убавинаНаоѓањето соодветна нијанса на пудра за вашето лице не е баш едноставна работа. Толку многу нијанси и можности, а со погрешен избор ви следува пудра која не е соодветна за вашето лице, ни според текстурата, ни според типот на кожата, а ниту пак според тенот. Секоја кожа е посебна и треба да се негува на соодветен начин. Sephora + Pantone Color IQ ви помага да ја решите дилемата. Засега апликацијата е достапна само во продавниците на Сефора.

INSTYLE HAIRSTYLE TRY – ON

Најдобрите мобилни апликации за убавинаСекојдневно следиме примери од црвениот тепих и некогаш навистина би сакале да украдеме некој изглед од познатите. Апликацијата InStyle Hairstyle try-On ви помага да откриете како фризурата која ви се допаѓа би одговарала на вашето лице. Има стотици фризури кои може да ги пробате, а самата апликација става акцент на најновите трендови.

UV SAFE TIMER

Најдобрите мобилни апликации за убавинаАпликацијата UV Safe Timer e одлична помош при сончање, особено за оние кои имаат чувствителна кожа. Според тоа какво заштитно средство користите, тајмерот ќе ве извести кога е време да нанесете повторно, за да не добиете изгореници. Алармирањето е базирано на типот на вашата кожа и на УВ индексот на местото каде се наоѓате.

LANCÔME MAKEUP

Најдобрите мобилни апликации за убавинаОваа апликација ви помага да испробате различни мејкап изгледи, а дополнителна погодност е тоа што можете да мешате и комбинирате бои. Со Lancome Makeup можете лесно да откриете кога имате доволно шминка, а кога премногу.

HAIRCASTER

Најдобрите мобилни апликации за убавинаИако сè уште не е достапна за сите, девојките кои навистина внимаваат на секој детаљ поврзан со нивната коса и фризура со нетрпение ја очекуваат оваа апликација. Од Haircaster наутро добивате информации за тоа какво време се очекува во текот на денот, колкава ќе биде влажноста на воздухот, силата на ветрот и очекуваната температура, и како сето тоа може да влијае на вашата коса. Со други зборови, ви кажува што да направите со вашата фризура според временските услови кои се очекуваат во текот на денот.

SEPHORA TO GO

Најдобрите мобилни апликации за убавинаСè ви е дадено како на чинија. Sephora to Go ги истакнува најновите трендови, мејкап изгледи и козметички производи. Најновата верзија дури ви нуди и огледалце за да се гледате себеси како ја нанесувате шминката, и да се споредите со видеото прикажано како туторијал.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар