Најдобрите есенски плодови за вашето здравје

Освен магичната промена на боите во природата, која ни ја носи есента, не смееме да заборавиме и на шаренилото од здрави плодови кои се присутни во овој период од годината. Јаболката, крушите, мандарините и костените се природен извор на фитохемикалии, кои всушност им го даваат пигментот на овошјата и зеленчуците и неретко имаат позитивно влијание врз нашето здравје. Поради тоа, секогаш консумирајте разнобојни плодови бидејќи на тој начин, на вашиот организам, ќе му обезбедите вистинска ризница од вредни фитохемикалии.

1. Кивито претставува одличен извор на витамин Ц, а само еден плод од ова овошје во себе содржи дури 120% од препорачаната дневна количина за овој витамин. Неговата енергетска вредност е ниска, па затоа се смета за одличен диететски производ. Кивито се препорачува да го јадат сите луѓе, а особено оние кои имаат слаб имун систем и висок притисок.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје2. Мандарината содржи бројни состојки кои го бранат нашиот организам од болести, како што се витамините А и Ц. Не е случајност, тоа што мандарините созреваат во периодот на настинките и вирусите, па препорачливо е да се консумира и како превенција од грип. И што е најважно – мандарините нема да ја загрозат вашата линија.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје3. Костенот во однос на другите јаткасти плодови, се разликува по малото количество масти кое го содржи и големото количество скроб. Воедно, тој е и единствен јаткаст плод, кој содржи витамин Ц, а освен тоа е богат и со витамин Б6, калиум и фолна киселина.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје4. Оревите содржат голема количина масти и поради тоа се сметаат за вистинска енергетска бомба. Важно е да се напомене дека станува збор за полинезаситени масти, кои се пожелни да бидат составен дел од исхраната на секој човек.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје5. Кога станува збор за консумирањето грозје, може да се наведат цела низа позитивни влијанија врз човековото здравје, особено врз кардиоваскуларниот систем. Важен минерал кој е составен дел од грозјето е борот, а соодветна количина од овој минерал, е многу важна за одржувањето здрави коски.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје6. Пченката е нутритивно вредна намирница, која не го оптоварува организмот со вишок калории, со оглед на тоа што едно клавче, содржи од 80 до 100 калории. Богата е со јаглехидрати и содржи малку масти, поради што претставува извор на енергија. Освен тоа, пченката содржи и витамини Б1, Б5, Ц, фолна киселина, фосфор, калиум и магнезиум.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар