Најдобрите 13 начини да го скршите мразот

Дали отсекогаш сте им се восхитувале на луѓето кои знаат како да започнат разговор во секоја можна прилика? Дали сте се прашувале кој е најдобриот начин да ѝ пријдете на личноста која ве интересира? Следниве 13 совети ќе ви помогнат да оставите добар впечаток и да започнете разговор со секој човек што ќе го запознаете…

Најдобрите 13 начини да го скршите мразот

1. Покажете заинтересираност за личноста со која разговарате. Луѓето обожаваат да зборуваат за себе, па за да го скршите мразот, оставете ги да зборуваат. Слушајте внимателно и обидете се да покажете интерес за соговорникот.

2. Одбегнувајте прашања што можат да се одговорат со да или не. Кога разговарате со некого, обидете се да поставувате прашања од отворен тип. На пример, наместо да прашате „Дали си поминуваш убаво?“, прашајте „Како дозна за настанов?“.

3. Дозволете му на соговорникот да ви ги објасни работите што не ви се познати. Ако личноста со која разговарате спомне нешто ново за вас, замолете ја да ви објасни подетално за што станува збор. На тој начин, разговорот ќе трае подолго.

4. Бидете информирани за новостите. Можеби не сакате да читате весници и да гледате вести, но оваа навика ќе ви биде од корист кога разговорот ќе престане и ќе завладее непријатна тишина. Започнете со „Имаш слушнато што се случило во светот?“

5. Споделете ги вашите искуства. Ако соговорникот спомне нешто што ви е познато или ситуација низ која и вие имате поминато, не двоумете се да го споделите вашето искуство. На овој начин, ќе се зближите со таа личност.

6. Употребете ја техниката „F.O.R.D.“ (Family, Occupation, Recreation, Dreams). Запаметете ги овие букви, бидејќи ќе ви се најдат во секојдневните муабети.

  • Семејство (Family): „Колку деца имаш?“, „Дали живееш тука долго време?“, „Што ти се допаѓа најмногу во градов?“
  • Професија (Occupation): „Што работиш?“, „На што работиш моментално?“, „Кој е најтешкиот дел од твојата професија?“
  • Хоби (Recreation): „Што правиш во слободно време?“, „Каде можам да го најдам материјалот што си го искористил/а за да го направиш ова?“, „Колку долго играш тенис?“
  • Соништа (Dreams): „Кои се твоите најголеми соништа?“, „Кога би можел/а да патуваш насекаде, каде би одел/а?“, „Има ли нешто што отсекогаш си сакал/а да го направиш?“

Најдобрите 13 начини да го скршите мразот

7. Бидете искрени. Ако сакате да водите долги и пријатни разговори, кажете го тоа отворено. Дозволени се и лични прашања од типот „Од што се плашиш?“ или „Од што си најмногу задоволен/на во животот?“

8. Учете од најдобрите. Гледајте ги познатите водители на телевизија или следете ги нивните канали на Интернет. Ќе научите како да поставувате прашања, кои прашања да ги поставувате, како да ги користите паузите и кои шеги се прифатливи.

9. Хранете ја самодовербата на соговорникот. Обичниот комплимент и насмевката можат да ве одведат далеку. Комплиментите веднаш го привлекуваат вниманието и интересот на луѓето. Но, бидете искрени и не претерувајте!

10. Повторувањето е мајка на знаењето. Без разлика дали станува збор за човекот кој седнал до вас во автобус или за хигеничарката кај вас на работа, разговарајте со нив. Само со вежбање ќе можете да станете професионални говорници.

11. Запаметете го правилото „R.A.P.E.“ (Religion, Abortion, Politics, Economics). Никогаш не разговарајте за религија, абортус, политика и економија. Некои луѓе веруваат дека и поранешните партнери се забранета тема за разговор.

12. Употребете подобра верзија од обичното „Што правиш?“ На пример, можете да прашате „Со што си зафатен/а деновиве?“ На овој начин вашиот соговорник ќе може да се фокусира на темите за кои сака да разговара, како што се семејство, работа, факултет и слично.

13. Не сте сами. Запаметете дека не сте единствените кои се чувствуваат непријатно или срамежливо во ситуација кога никој не се познава со никого. Дури и тие што делуваат самоуверено можеби се чувствуваат исто како и вие. Па затоа, вие скршете го мразот. Нема да погрешите!

Во продолжение прочитајте ги овие трикови за подобра комуникација при запознавање нови луѓе.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар