Најдобриот зимски маникир: Џемпери на вашите нокти

Уметноста на ноктите отсекогаш било нешто со кое поголемиот дел од девојките се опседнати. Има нешто посебно во создавањето дезени на ноктите со што овој вид уметност е толку заразен. Без разлика дали вие самите ќе ги дизајнирате вашите нокти, или пак ќе се обратите во некој козметички салон, добро средените нокти се секогаш добар извор на поголема самодоверба. Оваа зима, додека вие се топлите во вашиот омилен џемпер, зошто не ги облечете и вашите нокти во истата модна комбинација? Ви претставуваме неколку интересни идеи по кои ќе станете опседнати и ќе посакате веднаш да ги испробате.

1-super-sladok-praznichen-manikir-dzhemper-dizajnirani-nokti-po-koi-kje-stanete-opsednati-www.kafepauza.mk_

1. Заронете во морското синило

Има нешто во оваа морско сина боја која нè асоцира на некој софистициран, но и топол зимски изглед. Дезенот на плетен син џемпер на вашите нокти е одличен избор доколку сте во потрага по нешто кое е комбинација од прекрасно, жестоко и забавно.

2-super-sladok-praznichen-manikir-dzhemper-dizajnirani-nokti-po-koi-kje-stanete-opsednati-www.kafepauza.mk_

2. Ледено и матирано

Овој матиран дезен е најубавото нешто што сте го виделе. Мат финишот помага во постигнувањето на тој луксузен изглед, но и самите бои се толку убави што би можеле да ги носите и како вистински џемпер.

3-super-sladok-praznichen-manikir-dzhemper-dizajnirani-nokti-po-koi-kje-stanete-opsednati-www.kafepauza.mk_

3. Едноставно и вообичаено

Овие нокти изгледаат како вистински џемпер кој повеќето од вас би го носеле секојдневно. Овој маникир е толку сладок и едноставен, а друга голема предност е тоа што ќе можете лесно да го вклопувате со речиси сите ваши зимски модни комбинации.

4-super-sladok-praznichen-manikir-dzhemper-dizajnirani-nokti-po-koi-kje-stanete-opsednati-www.kafepauza.mk_

4. Принтови од зимски џемпери

Доколку сметате дека овие нокти треба да бидат дел од вашето секојдневие или пак, дека вашите уметнички вештини се на поголемо ниво, тогаш ви предложуваме да ги украдете вообичаените принтови од зимските џемпери. Ова можеби не е точната форма на овој тренд, но сепак ќе привлече погледи и ќе предизвика восхитување од страна на останатите.

5-super-sladok-praznichen-manikir-dzhemper-dizajnirani-nokti-po-koi-kje-stanete-opsednati-www.kafepauza.mk_

5. Смирени, крем нокти

Обожавате крем нокти? Тогаш со сигурност ќе сакате да го вклучите и овој дезен во нив. Овој маникир можете да го направите со која било крем нијанса, но наш предлог е да споите повеќе од нив, односно да направите занимлив омбре ефект!

6-super-sladok-praznichen-manikir-dzhemper-dizajnirani-nokti-po-koi-kje-stanete-opsednati-www.kafepauza.mk_

6. Слатки пастелни џемпери

За сите оние кои сакаат нешто понежно и поженствено, но сепак мислат дека претходниот вид на нокти се премногу досадни, секогаш може да се создаде нежен изглед со тоа што ќе се изберат пастелни бои. Овие слатки пастелни џемпери на вашите нокти ќе изгледаат како нешто во кое веднаш ќе се заљубите!

7-super-sladok-praznichen-manikir-dzhemper-dizajnirani-nokti-po-koi-kje-stanete-opsednati-www.kafepauza.mk_

7. Шарено и празнично

Еве уште еден шарен дезен за сите оние што сакаат прекрасни бои на нивните нокти. Овој празничен изглед со сигурност ќе им го обезбеди потребното празнично чувство и атмосфера на сите што ќе го понесат.

8-super-sladok-praznichen-manikir-dzhemper-dizajnirani-nokti-po-koi-kje-stanete-opsednati-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар