Најдобриот начин за создавање нови навики

Дали ви се случува да решите да вежбате, да почнете со редовно учење, да станувате порано или да започнете со нешто сосема ново и вашата решителност во остварувањето на овие планови да трае само неколку дена? Доколку имате проблем со создавањето нови навики, погледнете ја оваа техника наречена „не крши го синџирот“. Станува збор за едноставна, ефективна и интересна техника која ќе ве натера брзо и лесно да се придржувате до вашата листа на нови активности.Најдобриот начин за создавање нови навикиОдберете една или повеќе навики до кои би сакале да се придржувате секојдневно – Започнете со нешто поедноставно, нешто што нема да ви одзема многу време.

Најдете календар – Се препорачува да биде поголем и да го поставите на некое централно место во домот за постојано да ве потсетува на тоа што треба да го направите.

Употреба на моќното „X“ – После секое завршување на активноста која сакате да ви премине во навика, прецртајте го денот на календарот со „X“ додека пак, за оние деновите кои ќе ги прескокнете – напишете кратко објаснување зошто не сте биле во можност да се придржувате до вашиот план.

Истражувањата покажале дека ефективноста на оваа техника произлегува од нашата потсвесна желба за успех. Некое време по започнувањето, ќе забележите дека ќе правите буквално сè за да не го „скршите долгиот синџир“. Колку подолго се придржувате, толку повеќе ќе сакате да ги одржувате новите навики.

Доследноста е клучот. Со секојдневното повторување на навиките тие стануваат постабилни, но доколку прескокнувате денови и пробувате постојано да го надокнадувате изгубеното ќе тргнете во сосема спротивна насока… Не заборавајте дека е подобро секој ден да правите по еден чекор во вистинската насока, отколку на секој трет ден по 3 неуспешни чекори одеднаш.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар