Најдобриот начин да го организирате вашиот фрижидер

Автор: Зорица Тодорова

Фрижидерот не е само обично складиште за храна – тој е високо-технолошка направа која ви овозможува да ги чувате своите омилените грицки и оброци во најпогодни услови. Кога го полните вашиот фрижидер, најверојатно не ја земате предвид моќта што неговите посебни прегради и зони ја имаат. Колку подобро научите што се складира во секоја посебна преграда, толку подобро ќе ја зачувате храната свежа, а воедно и ќе заштедите на пари. Во тоа ќе ви помогне следниот водич за организирање на вашиот фрижидер (и можеби ќе ги задоволите вашите опсесивно-компулсивни нагони).

1-najdobriot-nachin-da-go-organizirate-vashiot-frizhider-kafepauza.mk

Чекор 1: Поставете ја температурата на вашиот фрижидер на помеѓу 1,7°С и 4,4°С, а замрзнувачот на -18°С. Ова спречува размножување на бактериите, а секоја повисока температура веднаш ќе ја расипе вашата храна со што ризикувате да добиете труење.

Чекор 2: Следната слика ќе ви помогне да го одржите вашиот фрижидер уреден, а вредно заработените пари в џеб, наместо на сметката на снабдувачот со електрична енергија. За да го искористите максимумот од просторот во фрижидерот:

  • Спакувајте ги замрзнатите работи во вакумирани пластични ќеси, наместо во стаклени тегли кои зафаќаат повеќе место
  • Онаа храна која потешко се расипува чувајте ја на вратите од фрижидерот, бидејќи тоа е најтоплата област внатре
  • Остатоците од храна и пијалаците сместете ги на горните полици, каде температурата е најпостојана
  • Месото, јајцата, морската храна и другите намирници кои треба да бидат ладни чувајте ги на долните полици
  • Користете ги пластичните кутии! Дизајнирани се специјално за овошјето и зеленчукот.

Една од потешките дилеми поврзани со фрижидерите е што треба да се чува внатре, а што не. На одредени намирници местото не им е во фрижидер. Доматите на пример, веднаш го губат својот мирис, затоа најдобро чувајте ги на собна температура. Авокадото и повеќето други овошја можат да се остават исто така на собна температура, но за да се забави процесот на расипување може да се чуваат и во фрижидерот.

2-najdobriot-nachin-da-go-organizirate-vashiot-frizhider-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Verica Reply

    Токму ова ми требаше. Ви благодарам.

  2. Пиличева Reply

    Одлични совети. Доста корисни информации кои сметам дека доста би ми помогнале, да ја одржувам храна свежа подолг период. Само не знам зошто сите фрижидери се дизајнират на начин јајцата да стојат на вратите :/
    Или така им е најлесно :(

Остави коментар