Најчестите причини за нашите главоболки

Најчестите причини за нашите главоболки

Доколку сте дел од оние кои никогаш немале главоболка во својот живот, не мора да читате ништо понатаму. Но, останатите многу добро знаат дека главоболките можат многу често да бидат голем проблем во секојдневното нормално функционирање. Секако, постојат лекови кои понекогаш можат да помогнат, но најдобрата стратегија е да се обидете да ја спречите нивната појава.Најчестите причини за нашите главоболкиДехидрација – Ова е најчестата причина за појава на главоболка. Вашето тело содржи повеќе од 60% вода и поради тоа му се потребни големи количини на вода за да може да го одржува тој процент. За избегнување на главоболките од овој вид, возрасните би требало да пијат од 8 до 10 чаши дневно. Имајте на ум дека не сите течности помагаат – кафето и газираните пијалаци имаат дехидрирачки ефект.

Лекови против болка – Иронично, но вистинито. Половина од хроничните мигрени (25% од сите главоболки), настануваат како „повратен удар“ предизвикан од преголема употреба на овие лекови.

Кофеин – И покрај тоа што кофеинот често помага при главоболките; преголемата употреба на нешто добро во овој случај може да доведе до спротивен ефект. Исто така постои и опасност од ефектот на откажување. Доколку одеднаш прекинете да пиете кафе, ќе имате главоболки сè додека вашето тело не се навикне на недобивање дневна доза.

Стрес – Главоболките проследени со тензија во главата, настануваат од физички или емотивен стрес. Причина за еден од најчестите видови на физички стрес е долгото непрекинато седење пред компјутер. За избегнување на овој вид главоболка, обидете се на секој пола саат да станувате, да се истегнувате убаво и да гледате малку во далечина. Емотивниот стрес не е толку лесен за елиминирање.

Синуси – Суви или блокирани синуси можат да предизвикуваат чести главоболки. Тие се проследени со длабока и константна болка во делот кај образите, челото и околу носот. Болката се зголемува доколку направите нагло движење со главата. За намалување на овие главоболки зовријте вода во тенџере, застанете над него и неколку минути вдишувајте ја пареата. Покријте се со ќебе или чаршав за да го ограничите движењето на пареата. Доколку секојдневно ја применувате оваа „терапија“, за кратко време ќе забележите позитивни резултати.Најчестите причини за нашите главоболкиНизок шеќер во крвта – Овој дисбаланс може многу брзо и лесно да се поправи со внесување на протеини преку исхраната.

Одредена храна – Кикириките, чоколадото и црвеното вино содржат амино асид тирамин кој често предизвикува главоболки. Исто така избегнувајте ја и храната што содржи нитрати како што се саламата, хот догот или колбасите. Млечните и житните производи во ретки ситуации исто така можат да бидат причина за појава на главоболки.

Промена на време или на надморска височина – Промените во времето како наглото опаѓање на барометарскиот притисок често предизвикуваат главоболка. Дури и посетата на град кој е на поинаква надморска височина од оној во кој дотогаш сте биле може да го има истиот ефект.

Хормони – Естрогенот и прогестеронот влијаат на хемикалиите во мозокот кои се поврзани со главоболките. Високото ниво на естроген може да помогне при главоболки, но пониското ниво има сосема спротивен ефект.

Изложеност на пушење „од втора рака“ – Чадот од цигарите предизвикува мигрени. Пробајте да ги избегнувате просториите во кои се пуши. Доколку немате таква можност, секогаш имајте ментол бонбони при рака, тие барем на момент ќе го неутрализираат влијанието од чадот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар