Најчестите причини поради кои жените изневеруваат

Баш како и мажите така и жените имаат свои причини зошто изневеруваат. Причините се најразлични: некои ќе „скокнат“ во креветот на друг маж само затоа што не се задоволни со својот партнер, а други пак затоа што едноставно се „лоши девојки“.

najchestite-prichini-poradi-koi-zhenite-izneveruvaat-kafepauza.mk

Според едно истражување откриено е дека 14% од жените кои се во брак го изневериле својот сопруг, додека мажите кои ги изневериле своите сопруги опфатиле 22% од испитаниците.

Најчести причини поради кои жените изневеруваат се:

Недоволно секс

Ако мажот не е заинтересиран за секс, а таа му укажала на тој проблем, скоро сигурно е дека ќе пронајде задоволство во креветот на друг маж.

Таа е „лоша“ девојка

Баш како што има мажи кои се склони на изневерување, постојат и такви жени. Ако ѝ се пружи прилика за авантура, едноставно, не може да ѝ одолее.

Самодоверба

Сексот може позитивно да влијае на самодовербата и самопочитта, а жената така се чувствува привлечно и сакано. Ако поради некоја причина тоа ѝ фали во врската, подготвена е да го побара на друго место.

Одмазда

Жената ја изгубила довербата во мажот откако тој направил нешто со што ја повредил. Таа е подготвена е да му врати кога-тогаш. Очигледно не било доволно тоа што тој ѝ се извинил.

Недостаток на интимност

Во врска сте и имате сè: стан, автомобил, кариера. Можеби мажот мисли дека тоа е доволно, па ја запоставува својата жена. Но, ако нејзе ѝ фали интимност, комуникација, љубов, нема да биде задоволна и ќе ја побара среќата кај некој друг.

Здодевно ѝ е во спалната соба

Сексот може да стане монотонија во долгите врски. Секогаш во иста поза, во иста соба, со иста личност. Љубовната афера ѝ овозможува авантура за која таа фантазира.

Стратегија за раскинување

Наместо да раскине со мажот поради тоа што не е задоволна во врската, ќе го изневери бидејќи така ѝ изгледа поедноставно.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар