Најчестата грешка поради која уште потешко ја поднесуваме жештината

Најчестата грешка поради која уште потешко ја поднесуваме жештината

Сте слушнале ли за тврдењето дека по жешките периоди не треба да се пијат многу ладни пијалаци, а по ладните периоди многу топли? Ова интересна теорија постои за да покаже дека пиењето преладни пијалаци по топлото време може да биде навистина штетно за организмот.

Најчестата грешка поради која уште потешко ја поднесуваме жештината

Кога надвор температурата изнесува повеќе од 30 степени Целзиусови и воздухот е тежок и спарен, при што дишењето е отежнато, ние најчесто посегаме по ладна чаша вода или освежителен сок со мраз за да се разладиме. Но, какви последици има тоа врз нашето тело?

Ладната вода, посебно онаа која има повеќе мраз, всушност ја забавува хидратацијата на организмот. Затоа се препорачува наместо ладни, да се консумираат пијалаци кои не се ниту ладни, ниту топли и може да се каже дека имаат просечна собна температура, бидејќи тие многу подобро се апсорбираат отколку оние кои имаат високи или ниски температури.

Понатаму, ако пиете ладна вода веднаш после оброкот, постои голема можност да настинете дури и ако надвор е топло. Кога ќе стекнете навика да пиете умерено ладна вода, ќе забележите значително подобрување на варењето на храната, метаболизмот и функцијата на дигестивниот систем, воопшто.

Пиењето топол чај по жешкото време исто така има свои предности, бидејќи топлите пијалаци го поттикнуваат потењето при што автоматски го разладувате телото, истовремено ослободувајќи го од отрови. Но, топлиот пијалак може да ве разлади само кога надвор нема влага, односно кога воздухот е сув. Ефектот е уште подобар ако носите облека што не ја задржува влагата, односно која овозможува испарување на потта, како што е памучната облека.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар