Најбрзиот трик за отстранување на лак за нокти од дрвени површини

Најбрзиот трик за отстранување на лак за нокти од дрвени површини

Една од можните појави при лакирањето е капнување од лакот врз дрвени површини како масичката, паркетот или ламинатот. Веројатно инстинктот ќе ве натера веднаш да посегнете по ацетонот, но ви предлагаме ова да не го правите и да ја употребите испробаната техника за отстранување со помош на лак за коса. Реагирајте веднаш и вашата маса или под ќе останат неоштетени.

najbrziot-trik-za-otstranuvanje-na-lak-za-nokti-od-drveni-povrshini-kafepauza.mk

Потребно:
  • Вата
  • Лак за коса
Постапка:

Дамките од лак за нокти брзо ќе ги отстраните со лак за коса при што е важно брзо да реагирате бидејќи дрвените површини веднаш ја впиваат течноста. На дамката испрскајте лак за коса и отстранете ја со помош на вата. Никако немојте да ја размачкувате дамката ниту да ја впивате со тапкање, туку веднаш отстранете ја со еден потег од почеток до крај. Ако вака постапите, никој нема да може да забележи дека на тоа место ви се случила козметичка незгода.

2-najbrziot-trik-za-otstranuvanje-na-lak-za-nokti-od-drveni-povrshini-kafepauza.mk3-najbrziot-trik-za-otstranuvanje-na-lak-za-nokti-od-drveni-povrshini-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар