Најбрзиот чоколаден колач

Ви се најавиле ненадејно гости? Ви се јаде нешто благо, но немате време за приготвување торти и колачи? Ова е најбрзиот и најлесниот чоколаден колач кој некогаш воопшто ќе го направите.

Најбрзот чоколаден колач

Потребни состојки:
  • 250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
  • 85 г несолен путер
  • 400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
  • 180 мл хопла
Начин на подготовка:

Со мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените колачи и измешајте за да се соедини сè. Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.

Најбрзот чоколаден колач

Пред да го сервирате, исечете го на подебели кришки.

Најбрзот чоколаден колачНајбрзот чоколаден колач

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Teodora Reply

    a nenajavenive gosti neka pocekaat edno 3-4 casa za da probaat

    • DANCHE Reply

      hahahaha tocno, bas na gostite pomisliv koga procitav deka kolacot treba da stoi 3-4 casa vo frizider, a demek brz kolac e 😀

  2. Ana Reply

    Hahah navistina, ke go napravime brgu ama gostite mora 4 saati da cekaat za da go probaat ….. ah toj brz kolac… teshko deka postoi

  3. ана Reply

    се настрвиииифф :@ :(

  4. mimi Reply

    za nenajaveni gosti nema kolaci

  5. Macence Reply

    Go napraviv doma kolacov i izleze super….vkusno 😀

  6. maki Reply

    ke gi izbrkame nenajavenite gosti i ce im recime da dojdat posle 4 sati kako
    nenajaveni pak

  7. slavica bojkivska Reply

    mmnogu e vkusno

  8. Сара Reply

    Го правев неодамна и е превкусно, дома сите го бендисаа. За еден ден и го снема. 😀

  9. violeta Reply

    Što e hopla?

    • maja Reply

      dobro kako moze da ne znaes sto e hopla kade zivees?

    • Џеки Reply

      Хопла е марка на слатка павлака :)

  10. Биба Reply

    “Брз” е кажано во смисла дека брзо се прави, а ненајавените гости можат да поминат и со кафе, сок и купечки колачиња :)

  11. gordana Reply

    dali hoplata treba da e matena?

  12. Emily Reply

    Сум правела, сличен на тој, со ресана колачи, искршени на парчиња и со сечкани ореви, навистина е вкусно и брзо,.не се губи многу време и не се трупаат еден куп садови, не се пече, навистина економично!

Остави коментар