Најавтентичните доживувања во животот: Бидете свесни за нив и ќе се чувствувате непобедливо!

Темпото на животот е забрзано, па од секојдневните обврски не успеваме да најдеме ни секунда да уживаме во малите работи, и да размислиме дали нешто ни недостасува. Малите животни моменти, и емоциите кои доаѓаат со нив, треба да го исполнуваат животот, бидејќи без разлика на сѐ, тие не можат да бидат лажни, а не можат ниту да се сокријат. Следуваат дел од најавтентичните доживувања на кои мораме да обрнеме внимание и да бидеме секогаш свесни за нив.

1-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_

1. Солзи

За поголемиот дел од луѓето солзите се одлика на тага. И нормално е да се лијат солзи кога ќе се изгуби саканата личност или некој близок, но треба да знаете дека солзите се чести и во моментите на блаженство. Бидејќи се вели дека очите се огледало на душата, тогаш солзите се оние кои ја изразуваат љубовта во нашите срца.

2. Насмевка

Не треба да ги спомнуваме лажните насмевки и измамниците, туку само оние кои се вистински среќни што ве гледаат, и што искрено се смеат. Насмевките имаат моќ да ја осветлат целата просторија, па затоа и овие луѓе секогаш можат да ве расположат.

2-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_

3. Изненадување

Најубавото чувство кое не може ништо да го замени е кога на лицето на другите луѓе ќе видите дека се позитивно изненадени. Чувството на љубов е непроценливо.

4. Збунетост

Кога сте искрени, се случува да не можете да ги сокриете емоциите. Го знаете она чувство кога образите ви поцрвениле и кога чувствувате дека сите гледаат во вас? Токму во тие моменти излегуваат вашите вистински емоции. Кога ви е срам за нешто, треба да знаете дека тоа е само човечка емоција.

5. Промени

Кога е нешто поразлично, не можеме а да не забележиме. Некои промени се суптилни, а други пак драстични. Секоја промена треба да ја разберете.

3-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_

6. Убавина

Вистинската убавина не може да се сокрие. Неа можеме да ја видиме секаде, како и да ја пронајдеме дури и во наједноставните места. И тоа треба постојано да го правиме.

7. Одлучност

Кога гледате дека некој се бори за нешто што вам ви изгледа невозможно, не може да не ве инспирира. Волјата да не се откажувате не доаѓа лесно, но ве турка нанапред.

8. Радост

Вистинската радост се наоѓа во наједноставните работи, па сигурно ви е познато она чувство на блаженство кога ќе ја доживеете. Дури и кога ќе видите дека некој отвора поклон и се воодушевува, ви се исполнува срцето. Воодушевувањето и енергијата се заразни, а токму со ваквото чувство ќе им ги згреете срцата на другите.

4-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_

9. Храброст

Многу моменти во животот бараат голема храброст. Многу често е потребно да бидете храбри – и кога сте на улица, и кога правите нешто необично и несекојдневно, и кога треба да му пријдете некому.

10. Љубов

Љубовта е главната мотивација, само треба да научите да ја гледате во сè што правите. Треба да пронајдете љубов во пријателите, семејството, треба да ја давате на другите без услови и барања, бидејќи љубовта ве поврзува на сите можни начини, а токму тоа и ви е потребно за успех.

5-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар