Нагласете ги вашите очи со неколку потези со маскарата

Ви претставуваме неколку совети за да истакнете вашите очи на вистинскиот начин со цел да добиете беспрекорен изглед и да оставите силен визуелен впечаток.

naglasete-gi-vashite-ochi-so-nekolku-potezi-so-maskarata-kafepauza.mk

Совет бр. 1

Ако при нанесување на маскарата трепките ви се слепуваат една за друга, пробајте да ја нанесете во цик-цак потези, што дефинитивно би требало да го реши тој проблем.

Совет бр. 2

Доколку сакате да нанесете два слоја маскара, немојте да чекате првиот слој да се исуши затоа што на крај ќе добиете само слепени трепки.

Совет бр. 3

За создавање илузија на долги трепки подебел слој маскара нанесете на коренот на трепките отколку на врвовите.

Совет бр. 4

Прајмерот за трепки навистина може да направи многу. Овој производ ги јакне, негува и им дава волумен на трепките, тоа ѝ дава долга примена и долготрајност на маскарата.

Совет бр. 5

Ако вашата маскара пребрзо се суши, причината би можела да биде начинот на кој ја користете четката. Многу жени ја подигаат четката па ја враќаат во тубата, што предизвикува натрупување на меурчиња и побрзо сушење на маскарата.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар