Начинот на кој врската со вашата мајка се менува со текот на годините

И покрај љубовта кон вашата мајка која засекогаш ќе биде во вашето срце, сигурно сте свесни дека врската со неа ќе се менува. И вие и вашата мајка знаете дека вашата врска не била, и нема да биде совршена. Но љубовта која ја имате една кон друга ја одржува силна и стабилна. Погледнете како се менува врската со вашата мајка со годините.

kako-se-menuva-vrskata-so-vashata-majka-kafepauza.mk

Кога сте мали, вашата мајка е целиот ваш свет

Како дете очигледно е дека немате многу избор кога станува збор за врската со вашата мајка. Таа ви е потребна буквално за сè. Кога сте дете, вашата мајка е совршена – нема јадење кое ќе го замени нејзиното и нејзиниот парфем е најдобар на целиот свет. Во овој период од животот, вашата мајка е вашиот супер-херој.

Кога сте тинејџер ја „мразите“ мајка ви

Таа не сфаќа зошто сакате да ја фарбате косата или зошто ви е потребен телефонот на масата за јадење. Вие имате потреба од неа, но сте убедени дека тоа не е така. Но кога не ја „мразите“, вие сте очајни за неа. Вашата мајка е секогаш овде за вас, а понекогаш тоа ви е јасно.

Кога сте возрасни сфаќате дека вашата мајка е всушност… човек

Кога ќе го напуштите домот за да одите на студии или за да живеете сами, вие почнувате да ја гледате вашата мајка во сосема поинакво светло. Конечно сфаќате дека и таа е само човек, исто како вас, со свои предности и недостатоци. Може ќе ве нервира што постојано ќе се грижи за вас, но истовремено ќе бидете возбудени да ѝ раскажувате сѐ што се случува во вашиот живот.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата мајка е најважната личност во вашиот живот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар