Начинот на кој со годините драстично се менува тоа што мажите го бараат во жените

Начинот на кој со годините драстично се менува тоа што мажите го бараат во жените

Жените со текот на годините ги менуваат своите идеали, особено кога станува збор за совршениот маж, а не е ништо поразлично и кај спротивниот пол. Иако можеби малку доцнат за жените, мажите, како што минува времето, ги менуваа своите идеали на подобро.

1-so-tek-na-godinite-drastichno-se-menuva-ona-shto-mazhite-go-baraat-vo-zhenata-www.kafepauza.mk_

Во своите дваесетти години…

Преферираат квантитет, а со квалитетот не се занимаваат премногу. Приоритет им се површни работи како незадолжителен секс и добар надворешен изглед, а многу често изгледа дека немаат поим што прават, затоа што навистина не знаат.

Во своите триесетти години…

Веќе во текот на доцните дваесетти сфаќаат дека квалитетот е многу поважен, а во триесеттите полека, но сигурно целосно се префрлаат на таквиот начин на размислување. Тоа се години во кои сфаќаат дека е многу поважно да имаат некого покрај себе, со кој ќе го делат животот, а дополнителен поттик гледаат и во пријателите кои исто така сакаат да најдат ваква личност или веќе се дел од сериозна врска којашто има иднина.

2-so-tek-na-godinite-drastichno-se-menuva-ona-shto-mazhite-go-baraat-vo-zhenata-www.kafepauza.mk_

Во своите четириесетти години…

Ако се сѐ уште сингл, тоа или значи дека имаат голем проблем со жените или дека веќе се разведени. Ретко кој маж со зрели размислувања и желба да биде во врска ќе остане сам толку долго. Ова се години во кои бараат жена со која ќе поминуваат време и која е самостојна и независна, како со духот, така и со финансиите.

Во своите педесетти години…

Истражувањата покажуваат дека мажите во овие години копнеат за романса, стабилност и финансиска сигурност. Во овие години им е помалку важна кариерата која жената ја избрала и дали е мајчински тип или не. Тие бараат друштво од личност со која добро ќе се сложуваат и со која ќе ги споделуваат своите интереси.

Погледнете кои мисли им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар