Начини на кои губењето килограми може да ви го уништи телото

Речиси секој текст посветен на губењето килограми обрнува внимание на придобивките од тоа. Ретко кога ќе слушнете или прочитате за негативните работи што може да ви ги стори слабеењето. Добро прочитавте! И слабеењето може да ви го уништи телото. Во некои случаи, ограниченото јадење и брзото губење килограми може повеќе да наштети одошто да помогне. Во продолжение прочитајте за што станува збор…

Начини на кои губењето килограми може да ви го уништи телото

Нарушен имунитет

Вашиот имунолошки систем знае дека сте на диета. Ограничувањето на бројот на внесени калории може да ви го ослаби имунитетот. Недостатокот од шеќер го поттикнува телото да произведува повеќе стрес хормони. Тоа, пак, го намалува имунолошкиот систем кој веќе е нарушен поради тоа што не добива доволно хранливи состојки. Стрес хормоните во комбинација со недоволната консумација на хранливи состојки доведува до слаб имунитет кој нема да може да се избори со грипот или посериозните болести.

Лошо расположение

Диетите може да ве направат чувствителни. Можеби сте забележале дека луѓето кои се на диета се понервозни од вообичаено. Тоа не е така само затоа што сонуваат за пица и сладолед, туку затоа што диетата им го уништува расположението. Намаленото внесување калории ги нарушува нивоата на серотонин во мозокот. Серотонинот е одговорен за регулација на расположението и апетитот. Слабеењето не само што ги менува нивоата на серотонин туку и ја намалува вашата способност за справување со гневот. Но, доколку постепено го намалите бројот на калории што ги внесувате, тоа ќе им овозможи на мозокот и телото да се прилагодат на промената.

Нарушено ментално здравје

Губењето тежина и одличниот изглед би требало да предизвикаат среќа. Па, зошто тогаш намалувањето на килограмите ги растажува луѓето? Едно истражување од универзитетскиот колеџ во Лондон дознало дека интензивното слабеење може да го зголеми ризикот од депресија. Се нагласува дека самото губење тежина не доведува до депресија, но доколку нема поддршка за време на слабеењето, тоа може да има негативно влијание на вашето ментално здравје. Доколку се обидувате да изгубите тежина, треба да бидете свесни за предизвиците со коишто ќе се соочите и да не се плашите да побарате поддршка без разлика дали станува збор за пријатели, семејство и експерти.

Слаби коски

Многу е важно да обрнете внимание на здравјето на вашите коски за време на слабеењето. Намалениот број на калории може да доведе до губење на тежината, но исто така може да предизвика и загуба на коските. Луѓето кои држат диета, но не вежбаат, можно е да се соочат со губење на коскената густина, а тоа го зголемува ризикот од нивно кршење или шинување. Со други зборови, вежбањето е добро за здравјето на вашите коски. Многу е важно да додадете физичка активност во вашиот план за слабеење.

Начини на кои губењето килограми може да ви го уништи телото

Загрозен метаболизам

Здравиот начин на живот е поважен од слабеењето. Дали некогаш сте се запрашале зошто е толку лесно да си ги вратите килограмите по завршувањето на диетата? Тоа е така затоа што намаленото јадење и интензивното губење килограми го забавува метаболизмот. Ако вашиот метод на слабеење подразбира намалено јадење, вашето тело ќе се почувствува неухрането и ќе ги задржува сите можни калории секогаш кога ќе јадете повторно. Престанокот со детата и враќањето на нездравата исхрана ќе го нахрани уништениот метаболизам, а последица на тоа е забрзаното дебелење. За да не си го уништите метаболизмот додека се обидувате да ослабите, одберете исхрана којашто ќе му ги даде на телото хранливите состојки што му требаат. Јадењето здрава храна е подобро од целосното исфрлање на храната.

Уништени вкусни папили

По губењето тежина, храната може да ви има различен вкус. Најчудното нешто што слабеењето го предизвикува кај телото е веројатно нарушувањето на вашето сетило за вкус. Едно истражување од Универзитетот Стенфорд открило дека пациентите кои поминале низ баријатричка операција, изјавиле дека сетилото за вкус им е многу засилено. Иако се верува дека зголемената чувствителност на вкусните папили може да им помогне на луѓето со прекумерна тежина да го променат нивниот однос кон храната, сепак не е баш јасно зошто постои врска помеѓу губењето тежина и сетилото за вкус.

Опуштена кожа

Оние пред и потоа фотографии кои покажуваат луѓе кои успеале да ослабат и имаат совршено затегната кожа се лажни. Честопати, брзото губење килограми не ѝ дозволува на кожата да се прилагоди, а како резултат на тоа кожата почнува да „виси“ на телото. За среќа, постои решение за оваа необична телесна реакција. Ако се храните здраво и редовно вежбате, вашата кожа ќе биде затегната. Освен тоа, треба да ги одбегнувате диетите за брзо слабеење кои веднаш ќе ви ги намалат вишокот килограми.

Доколку сакате да ослабите на здрав начин, прочитајте ги следниве 5 заповеди за трајно губење на килограмите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар