На што точно мислат мажите кога ќе кажат дека таа е добра во кревет?

На што точно мислат мажите кога ќе кажат дека таа е добра во кревет?

Секс – мала работа што може да направи голема разлика. Понекогаш, со некого можете да си одговарате во секоја област, но ако не сте сексуално компатибилни, врската може брзо да пропадне. Страста ја покренува секоја љубов, а ако на нешто паѓаат момците, тогаш тоа се незаборавните ноќи исполнети со многу уживање. Но, што точно тие подразбираат кога ќе кажат дека некоја жена е добра во кревет?

На што точно мислат мажите кога ќе кажат дека таа е добра во кревет?

1. Имал повеќе од еден оргазам за време на сексот што траел неколку часа. Вие сте успеале да го задржите возбуден дури и откако го доживеал најголемото задоволство.

2. Заспал веднаш по сексот. Не станува збор за недостаток на внимание, туку едноставно сте ја исцедиле сета енергија од него.

3. Го заборавил фактот дека имал напорен ден, исполнет со стрес и обврски. По односот, неговиот лик се трансформирал од сериозен во среќен и опуштен.

4. На неговото лице се исцртала насмевка што никако не сака да си замине. Дури и ако побарате од него да ве прегрне по односот, а времето е премногу топло.

5. Никогаш не ве одбива кога ќе побарате секс од него. Дури ни кога е уморен или пак, тажен.

6. Немате навика да брзате со предиграта. Вие сакате тој да ужива во секоја секунда со вашите допири.

7. Сте го научиле на неколку нови пози. Со него слободно можете да пробувате работи кои ниту еден од вас досега не ги искусил.

8. Не ви е непријатно да користите секси играчки, ниту пак да го возбудувате со зборови. Вие сте подготвени да ги исполните сите негови желби, исто како и тој вашите.

9. Немате срам. Пред него се чувствувате слободни, свои и целосно опуштени – дури и кога не носите ништо на себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар