На овој начин нема шанси да погрешите во одредувањето на обликот на вашето тело

Иако некои ќе кажат дека тоа е лесно да се одреди, поголемиот дел од жените не можат да кажат каков е обликот на нивното тело, а сите ние знаеме дека од него зависи изборот на гардеробата која ќе ја носиме. Затоа, одлучивме да ви покажеме начин на кој нема шанси да го погрешите обликот на вашето тело.

na-ovoj-nachin-nema-shansi-da-pogreshite-vo-odreduvanjeto-na-oblikot-na-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

Најнапред, неопходно е да се измерите. Тоа ќе го направите така што со метро ќе ги измерите вашите рамена, гради, струк и колкови, а кога ќе завршите со тоа, пронајдете ги вашите параметри во описите на различните облици на тело.

2-na-ovoj-nachin-nema-shansi-da-pogreshite-vo-odreduvanjeto-na-oblikot-na-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

1. Облик на обратен триаголник

Доколку имате тело во облик на превртен триаголник, тоа значи дека вашите рамена се многу пошироки од вашите колкови, односно дека вашите мерки за рамената се за 5% поголеми од мерките за вашите колкови. Количникот на мерката за вашите рамена со мерката за вашите колкови треба да биде ≥ 1,05.

3-na-ovoj-nachin-nema-shansi-da-pogreshite-vo-odreduvanjeto-na-oblikot-na-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

Гардероба која најдобро ви стои: Струкирани јакни со асиметрични копчиња, бидејќи ќе направат вистински баланс помеѓу вашите рамена и колкови.

2. Правоаголен облик

Доколку вашето тело е во облик на правоаголник, тоа значи дека вашите гради, колкови и рамена се во иста линија, т.е. имаат исти мерки, без истакнат струк.

4-na-ovoj-nachin-nema-shansi-da-pogreshite-vo-odreduvanjeto-na-oblikot-na-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

Гардероба која најдобро ви стои: Волуменски здолништа кои содржат детали во вид на набори, машни или различни други украси.

3. Облик на триаголник или круша

Девојките коишто имаат тело со облик на триаголник или круша имаат пошироки колкови отколку рамена. Тоа значи дека ширината на нивните колкови е за 5% поголема од ширината на нивните рамена и гради. Самиот количник треба да биде поголем или еднаков на бројот 1,05.

5-na-ovoj-nachin-nema-shansi-da-pogreshite-vo-odreduvanjeto-na-oblikot-na-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

Гардероба која најдобро ви стои: Струкирани фустани, бидејќи на вистински начин ќе ја неутрализираат ширината на вашите колкови.

4. Облик на песочен часовник

Доколку имате тело во облик на песочен часовник, тоа значи дека ширината на рамената ви е иста со ширината на колковите, но со нагласен струк. Тоа значи дека вашиот струк е за 25% помал од ширината на вашите колкови, но и од ширината на вашите рамена и гради.

6-na-ovoj-nachin-nema-shansi-da-pogreshite-vo-odreduvanjeto-na-oblikot-na-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

Гардероба која најдобро ви стои: Кошули или блузи кои се врзуваат околу струкот, бидејќи на вистински начин ќе го привлечат вниманието на најтенкиот дел од вашето тело.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар